Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'teranets_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
До кандидатите за градоначалници на Скопје PDF Print E-mail

До
Кандидатите за Градоначалник на град Скопје
Кандидатите за Градоначалници на општините на град Скопје

 

Од
Асоцијацијата на друштвата за заштита на животните:
ДЗЖ ,, СРНА,, Скопје;
ДЗЖ
  ,, Срце за животните,, Скопје ;

 

Скопје, 2.4.2009 год.

 

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ
Придонес кон решавање на на проблемот со бездомните кучиња
Во градот С К О П Ј Е

 

Оправданост на проектот

Повеќе од 40 год. во Скопје проблемот со бездомните кучиња во урбаната средина се решава со убивање на животните, најчесто со труење а не ретко и со пукање. Овие два методи освен што се крајно нехумани и опасни за граѓаните, се и неефикасни . Значи дека долго време се оддеделуваат средства за решавање на проблемот а ефектот  - намалување на бројот на бездомните кучиња по градските улици  изостанува.

Од друга страна, растурањето отрови во почвата и пукање во населена средина е спротивно на законите на РМ и подлежи на кривични санкции. Значи дека аргументите се на страна на промената на методот на решавање на проблемот со бездомните кучиња. Со оглед на тоа дека постои сериозен степен на непознавање како и воља од страна на локалната самоуправа за друг начин на решавање на проблемот

Асоцијацијата на Друштвата за Заштита на Животните од Скопје смета дека може да даде свој придонес во обука на надлежните  за ова прашање во рамките на  лопкалната власт како И при информирањето на јавноста за актуелните светски трендови во оваа област.

Имено, бројот на бездомните кучиња може единствено да се намали со тн. Метод ,,Залови, стерилизирај, врати,,. Тоа подразбира масовна стерилизација, кастрација и вакцинација на бездомните кучиња, како и еутаназија на болните и агресивни кучиња. Овој начин на третирање на проблемот е осмислен и спроведен од страна на Светското сдружение за заштита на животните со седиште во Лондон и подржан од Светската здраствена организација. Успешноста на овој начин на решавање на проблемот се состои во тоа што се оневозможува понатамошно размножување на кучињата, а при тоа тие остануваат во средината од  каде се земени со цел да бидат стерилизирани. Доколку кучињата нагло се отстранат од територијата која ја третитаат како ,, своја,, тогаш уште поголем број на кучиња од околината, откако ќе почувствуваат дека територијата е ,, испразнета,, ќе се населат и проблемот се обновува, односно настанува бесконечниот и суров круг : убивање на кучињата, миграција на други бездомни кучиња, убивање на кучињата. При тоа континуирано се трошат средства на граѓаните, се крши законот, се промовира суровоста а проблемот не се решава.

Методот ,, Залови, срерилизирај, врати,, се применува долго време и со успех во повеќе сиромашни земји како Индија, Египет, Куба и др. Секаде каде правилно се применува видливи се резултатите а градската каса не ја троши од убивањетѕо на кучињата, а во исто време не се кршат законите.

Овој начин на решавање на проблемот  отпочна да се применува во Скопје од септември 2007 год. со отварањето на стационарот во Вардариште но не доволно успешно поради  малиот капацитет, несистематскиот пристап и поради недостаток на систем за набљудување  на имплементацијата на проектот.

Ова одговорно го трвдиме бидејки медицинското третирање на бездомните животни на територијата на градот Скопје го врши само еден ветаринар кој физички не е во можност да постигне  дневно да третира и оперира повеќе од 3 до 4  животни а имаме сознанија дека интервенциите се вршат само два до три пати неделно. Градот Скопје го спроведува проектот ,,Залови, стерилизирај, врати”,  преку Комунална хигиена каде е организирана Службата за заловување со двајца заловувачи на кучиња  кои работат само на повик на граѓаните, објективно не е во можност да залови кучиња од територијата на целиот град, поради што проектот тапка во место  И до сега не даде никакви позитивни резултати а при тоа се потрошени многу финансиски средства.

Од наведените причини работењето на стационарот  од формирањто до сега нема видливи резултати и  бројот на бездомните  кучиња во градот воопшто не е намален .

Друштвата сакаат да дадат придонес кон трајно и успешно решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на градот Скопје и ги предлагаат  следните конкретни цели за решавање на проблемот како и за унапредување на нивото на познавање на проблемот со бездомните кучиња кај надлежните служби во локалната самоуправа во градот и општините преку:

  • Организирање и спроведување во пракса на Методот ,,Залови, стерилизирај, врати”, во сите општини на Градот Скопје;
  • Организирање на обука на надлежните служби во локалната самоуправа (општините) за спроведување на проектот ;
  • Запознавање на надлежните служби во локалната самоуправа (општините) за правна основа на методот Методот ,, Залови, срерилизирај, врати,, од законите на Европската заедница и законите на РМ со кои е регулирана оваа материја;
  • Да се воведе комунална инспекција која во координација со ветеринарната инспекција ќе се грижи за спроведување на Методот ,, Залови, срерилизирај, врати,, и законската регулатива а како инспектори да бидат ангажирани активистите на друштвата за заштита на животните и еколошките друштва.
  • Информирање на граѓаните за предностите и трајниот ефект на методот ,,Залови, стерилизирај, врати”, и за суровоста и неефикасноста на моментниот начин на раешавање на проблемот;
  • Печатење на и дистрибуција на информативен материјал - летоци;
  • Воспоставување подобра комуникација меѓу Друштвата за заштита на животните и граѓаните со локалните власти при решавањето на комуналните проблеми во заедницата.
 
Organization for the protection of animals and the environment, “A HEART FOR THE ANIMALS“
P.Box 420, 1000 Skopje,R.Macedonia
tel. ++389 (0)2 53 11 432
cell. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk