visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
Видео
Здраво вегетаријански

Gourmet-ресторани нудат ексклузивни вегетаријански јадења. Party-претпријатијата уредуваат се повеќе семејни веселби, јубилеи и родендени. Наполно според мотото: »Вегетаријанското готвење е gurmet« сладокусците ја откриваат разновидноста на интернационалните вегетаријански јадења. Било од здравствени причини, било од љубов спрема животните и природата - иднината е вегетаријанска (што значи: јади вегетаријански) - така прорекуваат претскажувачите на иднината. Научете да готвите вегетаријански - со сите трикови и штосови на една разновидна меѓународна веганско-вегетаријанска кујна. Фирмата ЖИВЕЈ ЗДРАВО и германското извонредно »Студио за готвење вегетаријански и вегански« Ве покануваат!

Во одличното германско »Студио за готвење вегетаријански и вегански« за Вас готви швајцарскиот гурметлија Kristof Mihels. Како дипломиран инженер за квалитет на прехранбени продукти и страствен готвач, од своето над 20 годишно искуство тој ги знае сите совети и трикови на вегетаријанската кујна - и знае забавно да ги презентира.

(60 мин.), DVD, цена 100 ден.+ПТТ (За нарачка кликни тука)

Емисиите на интернет: www.Vegetarisches-Kochstudio.de

 
Поглед во очи со животните

Во погледот во очите на Вашето со-создание почувствувајте ја длабочината и богатството на неговото внатрешно битие! Во неговиот поглед Вам ви се обраќа вистинскиот живот: достоинство, најфино чувство, тишина и мир - високи сили, кои пробудуваат ехо во Вас: заѕвонува едно наслутување на големото космичко единство, кое ја проширува и ја воздигнува свеста.

Портретите на животните се проследувани од изјави на луѓе поврзани со природата, кои ги ценат и љубат своите животински браќа и сестри.

DVD, медитација во слики, 15 мин. (на 7 јазици: македонски, бугарски, албански, грчки, турски, романски, руски), цена 100 ден.+ПТТ (За нарачка кликни тука)

 
Терор во шума и на полјана
На саемот на книгата во Лајпциг (Германија) беше за првпат претставен новиот филм „Терор во шума и на полјана“. Четири дена скоро нон-стоп одеше новиот филм против ловот. Гроздови од луѓе стоеја пред екранот; беа шокирани, безгласни. „Сето ова не го знаев!“, беше една од најчестите изјави. Многу учители го зедоа со себе филмот за наставата по етика или по биологија, како за проекти за заштита на животни, а ученички и ученици за реферати.
„Терор во шума и на полјана“ нескриено ја покажува бруталноста на ловот, ги разоткрива ловечките приказни и покажува како легендата за Хуберт беше извртена во нејзина спротивност.
Филмот покажува судбини на животни, какви што секојдневно се одигруваат на илјадници во нашите шуми и тоа страдање го повикува во свеста.
Меѓутоа, новото видео покажува и дека заштитата на животните не смее да запре пред нашите чинии: сцени од масовно чување животни и од кланици темелно го уништуваат апетитот за делови од животински трупови: „Од денес никогаш веќе месо!“

(25 мин.), DVD, цена 100 ден.+ПТТ (За нарачка кликни тука)
 
Јадењето месо не е здраво! Јадењето месо нè прави болни!

Додека уште пред неколку години се веруваше дека јадењето месо е важен дел од исхраната, денес се знае: Токму е спротивно! Месото е средство за уживање и е соодговорно за најголем број од денешните цивилизациски болести како рак, гихт, остеопороза, срцево-циркулаторни заболувања, дијабет и т.н. Ова ново научно сознание, во меѓувреме излезе и во Brockhaus-лексиконот, каде што под поимот „Вегетаријанство“ може да се прочита, дека исхраната без месо - спротивно на поранешните претстави - треба да се гледа како поздрава.

(30 мин.), DVD, цена 100 ден+ПТТ (За нарачка кликни тука)

 


Organization for the protection of animals and the environment, “A HEART FOR THE ANIMALS“
P.Box 420, 1000 Skopje,R.Macedonia
tel. ++389 (0)2 53 11 432
cell. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk