visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
Добродојдовте на страната на Срце за животните

Драги пријатели на животните,

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - е здружение за заштита на животните и животната средина, оформено од ентузијасти, кои отворено се застапуваат за правата на животните, коешто е зацртано и во нашите цели на дејствување.

Нашите цели се:

1. Ширење на свеста за единството на човекот со животните и природата, и развивање на еколошки и високи етичко-морални квалитети, бидејќи се застапува за еднакво право на живот, како на човекот, така и на животните, растенијата и минералите, за да се постигне апсолутна слобода на животните и непречен живот според нивниот вид;
2. подигање и развивање на еколошката свест и заштита на животната средина;
3. вегетаријански начин на исхрана и живот и промовирање на истиот;
4. мирољубиво природно-самоодржливо земјоделско производство;
5. природно самоодржливо стопанисување со шумите и националните паркови.

Ние се залагаме за:

1. Укинување на ловот и претворање на ловиштата во национални паркови и резервати;

2. помагање на животните одгледувани во масовни фарми и штали, и оние одгледувани и чувани за експериментални, научни и други цели;

Секаков вид залагање за правата за достоен живот на животните:

1. Со своето дејствување да придонесеме за промени и дополнувања на Уставот и Законите кои на животните ќе им го гарантираат правото на живот, целосна слобода, животниот простор, заштита од теророт на луѓето, заштита од искористување, мачење и убивање;
2. Да влијаеме за промена на јавната свест за ублажување и спречување на:убивање на животните, гоење на добитокот за убивање, гоење на животни за прехрана, гоење на животни за потребите на индустриските гранки, злоупотреба на животните како домашни миленици, злоупотреба на животните за потреби за забава, експерименти со животни, злоупотреба на животните за сите останати себични потреби на човекот, сите видови на лов и риболов, кланици и месарници, рибарници, генетска манипулација, транспорт на животни и други неприродни зафати во животот на животните(уништување на почвениот живот преку вештачки и шталски ѓубрива и разни други хемиски средства),производство и употреба на неприродна и несоодветна храна за животните. Доменот на нашето дејствување е, првенствено, да се отстранат причините поради кои природата и животните срадаат на најразлични начини, а тоа, несомнено е незнаењето и неинформираноста на луѓето.

 

Доколку сакате, можете да го нарачате Инфо-листот на Здружението „Срце за животните“, кој е бесплатен и достапен до секого. Во него ќе најдете повеќе информации за:

целите на здружението;
информациите за контакт и зачленување;

цитати од познати луѓе во врска со животните;

Од насловите: “Лагата за ген-манипулацијата“, “Докажано: Ловот е непотребен!“, “Јадејќи месо нагло го зголемувате ризикот сериозно да оболите!“, “Концентрациони логори за животни“, “Дали знаете дека 300 милиони животни годишно страдаат во експерименти со животни?“, “Безмилосен транспорт“, “Погубување во ’фабриките за убивање’, таканаречените кланици“, “Животните во Македонија немаат никакви права“, “Како би ви било да ви истурат врз глава еден камион измет?“, “Домашни миленици, па скитници!“

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk