visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
24.4-Светски ден за заштита на лабораториските животни ПДФ Печати Е-маил

Писмо до медиумите и до сите граѓани по повод 24–ти април - СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЛАБОРАТОРИСКИТЕ ЖИВОТНИ

 И оваа година на 24–ти април се одбележува Светскиот ден за заштита на лабораториските животни. Целта на овој ден е да се укаже на патењето на милиони мачени и убиени кучиња, мачки, мајмуни, коњи, глувци, заморчиња, риби, стаорци, свињи, зајаци и други во кафези заробени животни и воедно да се укаже на ненаучната и неефикасната страна на ваквата практика - за конечно истата да му припадне на минатото и на мрачниот дел на науката, денес поддржана само од малубројни инертни научници.

Повикувајќи ги граѓаните да купуваат само производи кои не се тестирани врз животните, активистите на “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“ (во корелација и координација со PETA; хрватското здружение “ПРИЈАТЕЉИ ЖИВОТИЊА“; српското здружение “СЛОБОДА ЗА ЖИВОТИЊЕ“ и други) покрај останатите едукативни материјали, ќе ја делат и најновата црна листа на компании кои со своите производи се директни виновници за патењето и одземањето милиони животи. Белата листа на етички производители и компании, т.е. оние кои не вршат и не користат производи тестирани врз животни, ќе можат граѓаните директно да ја консултираат на нашата web-страница: http://www.srcezazivotnite.org.mk/index.php/mk/arhiva/crno-bela

 ШТО СЕ ТОА ЕКСПЕРИМЕНТИ ВРЗ ЖИВОТНИ? – неколку аспекти

 Секоја година отприлика 35.000 животни во Европа, т.е. милиони ширум светот, изложени се на интензивно патење поради дискутабилни тестирања на козметички производи или на нивните состојки. Постои широк спектар на разновидни експерименти. Таканаречениот The Drazie Eye Test се применува во при студиите за иритирање на очите. Хемикалиите се капат во очите на зајачиња. Зајаците имаат многу послаб солзен систем од човекот и поради тоа “не плачат“ при поднесувањето на болка, па заради тоа научниците ги сметаат за идеални во вршењето на вакви тестови. Тие исто така не трепкаат при што се олеснува апсорбцијата на хемикалиите. За време на тестирањето промените во окото се пратат долго време. Никакво средство за олеснување на болката не им се дава на животните.

 Таканаречениот  LD50 тест за отровност е најозлогласениот од сите тестови (во Шведска е неодамна забранет, а во Британија уште во 1996, благодарејќи на организацијата BUAV) - смртноста на животните е околу 50%. Тестот започнува со труење на извесен број животни. Дозата отрови постапно се зголемува се додека 50% од животните не умрат (како би се востановила смртната доза). Отровот се дава со присилно хранење, инјектирање или инхалација, а притоа никакви средства за олеснување на болка не се даваат на животните. Овој тест е веќе долго време критикуван и нарекуван ненаучен и од самите научници (!) а освен тоа е исклучително суров и неописливо болен за животните.

Животните се трујат до смрт и во таканаречените “сигурносни тестови“. При истражувањата на разновидни болести над животните се вршат хируршки сакатења, ослепувања, животните се запалуваат, изгладнуваат, психолошки се мачат, им се вбризгуваат смртоносни вируси.

 Skin Irritancy Test – како што кажува и самиот назив, со нив се тестира иритацијата на кожата, а вклучува аплицирање на состојки врз избричени делови на тело при одреден вид животни, најчесто врз заморчиња и зајаци. Во времетраење од една или две недели се разгледуваат промените на кожата – црвенило, инфекција, отоци, упали. Раните се ужасни, болката неподнослива, а  животните не добиваат никакви  средства за ублажување на болката.

 ВЕ МОЛИМЕ ДА ИМАТЕ ВО ПРЕДВИД ДЕКА ПО ПАТ НА ОВИЕ И РЕД ДРУГИ ТЕСТИРАЊА МИЛИОНИ ЗАЈАЦИ, ЗАМОРЧИЊА, КУЧИЊА, МАЧКИ, ГЛУВЦИ  И ОСТАНАТИ ЖИВОТНИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ИСКЛУЧИТЕЛНО  СУРОВИ САКАТЕЊА, ПОВРЕДУВАЊА, ИСПИТУВАЊА НА СТАПКАТА НА ИЗДРЖЛИВОСТ И ФИЗИЧКА БОЛКА, А СЕТО ТОА ПРИ ТЕСТИРАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИ ЗА ОПШТА И КОЗМЕТИЧКА УПОТРЕБА.

ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА, ЗАД ЦВРСТО ЗАТВОРЕНИТЕ ЛАБОРАТОРИСКИ ВРАТИ И ЗВУЧНО ИЗОЛИРАНИТЕ SИДОВИ, СЕКОЈА СЕКУНДА ВО СВЕТОТ УМИРААТ НАЈМАЛКУ 33 ЖИВОТНИ!

НА ТАКВАТА СМРТ РЕДОВНО ПРЕТХОДАТ НЕОПИСЛИВА ФИЗИЧКА БОЛКА, СТРАВ, ТРЗАВИЦА, ПОВРАЌАЊЕ, ПАРАЛИЗИ, СЛЕПОТИЈА, КРВАРЕЊА И ВРИСОЦИ. 

ВЕ МОЛИМЕ, БИДЕТЕ СОВЕСЕН И СВЕСЕН ПОТРОШУВАЧ!

 Немојте со свои пари да го поддржувате напредокот на нечии кариери кои се базираат на ужасни мачења, нехумани постапки и смрт! Живејте сочувствително и користете производи на етички претпријатија кои не се тестирани врз животните!

ПОМАГА ЛИ ТЕСТИРАЊЕТО НА ЖИВОТНИ ВО ЧОВЕКОВАТА МЕДИЦИНА?

Многу луѓе би се согласиле со констатацијата дека козметичките тестови врз животни се апсолутно непотребни, но кога станува збор за тестирањата во медицинска намена, не се толку сигурни. Тоа е разбирливо – сите ние сакаме да видиме позитивни достигнувања на тоа поле. Но прашањето е колку се тие тестови врз животни потребни, а пред се компетентни, како би се заштитило нашето здравје?

33 ФАКТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ ВО ПРЕДВИД

1.      Помалку од 2% од човековите болести (поточно 1,16%) било кога се видени кај животните.

2.      Според поранешниот научен раководител на Huntingdon Life Sciences, резултатите добиени од експериментирање врз животните и човечките наоди се согласуваат само во 5 – 25%

3.      95% лекови кои се тестирани врз животни веднаш биле одфрлени како исклучително опасни или бесполезни за луѓето.

4.      Најмалку 50% од лековите кои се наоѓаат на пазарот предизвикуваат рак, доколку истите се применат врз животните. Тие се одобрени само поради тоа што јавно се признава дека експериментите врз животни се нерелевантни.

5.      Компанијата Procter & Gamble користи вештачки мошус иако тој не ги поминува тестовите на животните, односно докажано е дека истиот предизвикува тумор кај глувците. Нивниот одговор е дека резултатите од тестирањата врз животните се од “малo значење за луѓето“.

6.      Кога биле прашани дали експериментите врз животни се навистина меродавани земајќи ја во предвид анатомската и психолошка различност помеѓу луѓето и животните, 88% лекари се согласиле дека не е така.

7.      Резултатите на испитувањата над стаорци сигурни се само 37% во идентификација на причинителите на рак кај луѓето. Дури и фрлањето паричка би било попрецизно!

8.      Глодарите се животни кои речиси секогаш се користат во истражувањата за рак. Меѓутоа тие животни никогаш не оболуваат од малиген карцином, човечка форма на рак која го разорува опното (пример: рак на плуќа). Нивниот сарком ги погодува коските и врзивното ткиво: тоа се меѓусебно неспоредливи резултати.

9.      Повеќе од 90% резултати добиени од експерименти врз животни се отфрлени, бидејќи се неприкладни за човек.

10. Резултатите при експериментирањето врз животните можат битно да се изменат со факторите како што се прехраната и сместувањето. Видот на сместување бил идентификуван како причина која ја зголемува стапката на рак за дури повеќе од 90%, но е речиси нула проценти кај истиот вид глувци сместени на различни локации.

11. Половите разлики кај животните во лабораториите можат да предизвикаат контрадикторни резултати на експериментирањето. Тоа не се совпаѓа со луѓето.

12. 9% од животните кои биле подлегнати на анестезија како би се опоравиле, умреле токму од анестезијата

13. Проценето е дека 83% супстанци кај глувците метаболизираат на поинаков начин отколку кај луѓето

14. Обидите за подигнување обвинение против производителот на лекот Surgama паднале во вода поради сведочењата на медицинските стручњаци дека “податоците собрани од животните не се многу сигурни за пациентите“.

15. Според резултатите на испитувањата врз животните лимуновиот сок е смртоносен отров, додека арсенот, кукута и ботулин сосема сигурни!

16. Генетски модифицираните животни се причина за многу болести. MDX глушецот требал да докаже дистрофија на мускулите, но мускулите му се регенерирале без третман.

17. Според едно истражување во Германија, причина за 88% мртвороденчиња се хемиски производи кои успешно го поминале тестирањето врз животни!

18. Според истото истражување 61% од дефектите кај породот предизвикани се со хемиски производи кои успешно го поминале тестирањето врз животните! Тие дефекти ги има 200 пати повеќе отколку во повоениот период.

19. Еден од шест хопспитализирани пациенти се наоѓа во болница токму поради трeтманот на лечење на кој бил подлегнат!

20. Годишно до 100.000 смртни случаи во Америка e поради медицинските третмани. Во една година 1,5 милиони луѓе завршилe во болница поради лечење.

21. Истражувањата на Светската здравствена организација укажуваат дека децата 14 пати полесно оболуваат од сипаници доколку за тоа биле вакцинирани!

22. 40% од пациентите патат од нуспојави поради препишани третмани на лекување.

23. Повеќе од 200.000 лекови биле пуштени на пазарот, од кои повеќето во меѓувреме биле повлечени. Според Светската здравствена организација само 240 од нив се “неопходни“

24. Германскиот лекарски конгрес заклучил дека 6% од фаталните болести и 25% од органските болести се предизвикани од лекови кои претходно успешно го поминале тестирањето врз животни!

25. Операцијата за спасување животи при ектопична бременост каснела 40 години поради вивесекцијата.

26. Според мислењето на Royal Commission  во врска со вивесекцијата (1912) за откритието на анестетиците воопшто не се заслужни експериментите врз животните. Познатиот Др. Hadwen заклучил “ Да сме се потпирале на експериментирањето врз животните, човештвото би било ускратено од тој прекрасен благослов на анестетиците“. Halsey го опиша Fluroxeneovoto откритие како еден од најдраматичните примери за залажување со помош на податоци добиени од животните“

27. Аспиринот не ги поминува тестовите врз животните како ни Дигиталис (лек за срце), ниту пак инсулинот (предизвикува дефекти при раѓањето на животните), ниту пеницилинот, како ни многу други за луѓето сигурни лекови. Истите би биле забранети да се прашувале вивесекторите.

28. Производителите на Thalidomida на суд биле ослободени откако врз основ на бројни изјави на стручни лица била донесена одлука дека резултатите при експерименти врз животни не можат да користат во медицината наменета за човек.

29. Трансфузијата на крв доцнела 200 години токму поради експериментирањето врз животните, а трансплантацијата на рожница доцнела 90 години

30. И покрај многубројните Нобелови награди кои ги добиле вивесекторите, само 45% се согласуваат дека експериментите врз животни биле неопходни.

31. Постојат најмалку 450 алтернативнио методи кои можат да ги заменат експериментите врз животни. Научниците развиле методи на раст на секакви станици, па и човечки, во епрувета - што значи дека тестовите би можеле да се вршат директно на истите. Со самото тоа што се клетките од човечко потекло, тестовите се веродостојни. Освен ова постојат и други ефективни и признаети алтернативи, вклучувајќи ги тестовите на вештачки човечки епидерм, компјутерски модели, пациенти доброволци.

32. Најмалку 33 животни умираат секоја секунда во лабораториите ширум светот; во Велика Британија умира едно животно на секои 4 секунди!

33. Директорот на  Research Defence Society (која постои за одбрана на вивесекцијата) бил запрашан дали напредокот во медицината би бил возможен без користење на животни. Негов писмен одговор гласел: “Сигурен сум дека би бил.“

База на податоци за хумани методи: http://oslovet.veths.no/dokument.aspx?dokument=80&mnu=about_us
Humane Research is the UK: http://www.drhadwentrust.org/

Извори

1. Tony Page, Vivisection Unveiled, str. 6.
2. 'Animal toxicity studies: Their relevance to man', Lumley/Warner (Eds).
3. SmithKline Beecham Internal report.

4. Dr Vernon Coleman, 'Why Patients Never Win In Drugs Wars'.
5. Ethical Consumer, 1995., str. 24.
6. Tony Page, Vivisection Unveiled, str. 103.
7. F. J. Di Carlo, 'Drug Metabolism Reviews' 15, страни  409-13, наведено во Tony Page, Vivisection Unveiled, str. 44.
8. NAVS Campaigner, 1988., str. 13.
9. проф. Dennis Park, советник во WHO, зборувајќи на  Humane Research Trust Convention: наведено во 'Animals In Research' леток, Advocates for Animals.
10. Pietro Croce Vivisection or Science - A Choice to Make, str. 43.
11. E. J. Calabrese, 'Toxic susceptability: Male/female differences', наведено во Tony Page, Vivisection Unveiled, стр. 41.
12. Laboratory Animals, vol.26 br. 3, str. 159 наведено во Tony Page, Vivisection Unveiled, str. 33.
13. Parke/Smith (eds), Drug Metabolism from Microbe to Man, наведено во Tony Page, Vivisection Unveiled, str. 45.
14. AVA леток 'We can't change the past'.
15. Pietro Croce, Vivisection or Science - A Choice to Make, стр. 22-24.
16. 'Access Denied' ,NAVS.
17. Munchner Medizinische Wochenschrift, број 34, 1969., наведено во Hans Ruesch Slaughter of the Innocents, стр. 365.
18. Munchner Medizinische Wochenschrift, број 34, 1969., наведено во Hans Ruesch Slaughter of the Innocents, str. 365.
19. Dr Vernon Coleman, 'Animal experiments kill people as well as animals'.
20. Hans Ruesch, наведено во BAVA  леток, 'After prolonged tests'.
21. National Health Federation Bulletin, 1969.
22. D. Icke, 'It doesn't have to be like this'.
23. Hans Ruesch, Naked Empress, стр.12, 91.
24. Congress of Clinical Medicine, 1976. PC стр. 14.
25. Hans Ruesch Slaughter of the Innocents, стр. 175/6.
26. Dr Hadwen The difficulties of Deguerre, стр. 357. General Anaesthesia, Gray/Utting/Nunn, str. 152.
27. Hans Ruesch Slaughter of the Innocents, стр. 364. 'Cancer', NAVS Campaigner 1988. Tony Page, Vivisection Unveiled, стр. 9.
28. Hans Ruesch Slaughter of the Innocents, stranice 361-362.
29. Plan 2000, 'How much longer'.
30. VIN Newsletter 2.
31. Pietro Croce, Vivisection or Science - A Choice to Make, стр. 22-24.
32. Plan 2000 леток.
33. Писмен одговор на прашање од представник на јавноста, цитиран Tony Page, Vivisection Unveiled, str. 101.

Здружение за заштита на животните и животната средина
“Срце за животните“

 

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk