visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
20.март-Светски ден без месо ПДФ Печати Е-маил

По повод 20.март - СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ МЕСО World меаtout day, Ве молиме и повикуваме да размислите:


ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЈАДЕТЕ?

Терминот вегетаријанство доаѓа од латинскиот збор vegetus, што значи да се биде здрав, свеж и полн со живот или homo vegetus што значи – телесно и ментално здрава личност. Изворното значење на зборот укажува на урамнотежен физички смисол на живот, а не само на исхрана, која се состои од овошје и зеленчук.

Знаете  ли дека вегетаријанството се проширува со молскавична брзина низ целиот свет? Милиони луѓе денес се вегетаријанци, а секојдневно им се придружуваат илјадници други. Се прашувате ли зошто?

 

-          ОД ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ

                  “Ние сме она што го јадеме“ - Сократ, филозоф

Сигурни ли сте дека знаете што е најдобро за Вашето здравје?                                

Еден од клучните проблеми кои многумина научници и биолози го наведуваат е фактот дека човечките црева едноставно НЕ СЕ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА МЕСО. Животните кои се месојадни, имаат пократки црева (цревата им се трипати подолги од должината на телото), па на тој начин распаднатото месо кое во процесот на дигестија произведува и испушта тосични супстанци, бргу се исфрла надвор од организмот. Бидејќи растителната храна се распаѓа многу поспоро од месото, тревојадите имаат шест пати подолги црева од должината на телото. Човекот има црева како тревојад, па доколку јаде месо, токсините можат да предизвикаат преоптерување на бубрезите, што не ретко може да доведе до гихт, артритис, реуми и рак.

Со научните истражувања водени во последните 20 години ЈАСНО се укажува на постоењето поврзаност помеѓу конзумирањето месо и појавата на рак на дебелото црево, на ректумот, рак на дојка или на матка. Наведените видови болест ретко се појавуваат кај лица кои јадат минимална количина или пак воопшто не конзумираат месо, како што се некои Адвентисти, Јапонци или Индијци, а спротивно на тоа претставуваат многу зачестена појава кај народите кои јадат големи количества месо. Извадок во списанието The Lancet тврди: “ Луѓето кои живеат во подрачја каде е забележана висока појава на карцином на дебелото црево, честопати имаат прехрана богата со масти и протеини од животинско потекло, за разлика од лицата кои живеат во подрачјата со изразено ниска стапка на такви случаи, и кои претежно применуваат вегетаријанска исхрана... “

Понатаму, конзумирањето на месо и риба, освен што предизвикува болести како артериосклероза, висок крвен притисок, инфаркт, мозочен удар, дијабет, остава и токсична стапка на метаболички одпад во крвта, предизвикува авто–токсемија, собирање на мочна киселина во ткивото; трулежот на месото во цревата предизвикува развој на артритис, пиреја, шизофренија, остеопороза и други најчести болести кои онеспособуваат и убиваат преку 3 милиони луѓе годишно - факти кои се документирани и потврдени во повеќе стотици научни студии. Вегетаријанците имаат 20% понизок морталитет од сите горенаведени причини, што значи живеат подолго и не се разболуваат често. Не треба да се заборават и низа паразитски, бактериски и заразни болести кои се поврзани исклучиво со намирници од животинско потекло (доволно е да се спомне само кравјото лудило). Мрсната храна исто така предизвикува пребрзо губење на енергија, можна еректилна дисфункција, стареење,  и го скратува животниот век.

Америчката национална академија на науките (American National Academy of Sciences) во 1983 год. известува дека “ЛУЃЕТО МОЖЕБИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ГИ СПРЕЧАТ НАЈЧЕСТИТЕ СЛУЧАИ НА РАК СО ПРИМЕНА НА ИСХРАНА СО ПОМАЛКУ МРСНО МЕСО, А ПОВЕЌЕ ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ЖИТАРКИ.“

Официјалната позиција на Американската асоцијација за прехрана (American Dietetic Association) во однос на вегетаријанската исхрана е дека таквата исхрана е здрава, придонесува за квалитетот на здравјето и истовремено превенира бројни здравствени патологии и болести. Воедно се гарантира дека добро балансираната вегетаријанска, или веганска исхрана е здрава и полезна и за жени во период на бременост и ги задоволува нутритивните потреби на децата.

 

-          ПОРАДИ ЖИВОТНИТЕ

“ Кога кланиците би имале стаклени sидови, сите би станале вегетаријанци!“

Линда Макартни, уметник

Како луѓето, така и животните чувствуваат љубов, приврзаност и среќа, сакаат да живеат, безрезервно ги сакаат своите младенчиња и се грижат за нив.

Тие чувствуваат болка во иста степен како и ние лугето и силно патат по своите деца кога истите им се одземаат - чувствувајќи воедно страв, очај и беспомошност. Кога се повредени физички тоа ги боли – уринираат по себе, влакното им се наежува и се тресат, идентично како и ние луѓето кога сме исплашени за сопствениот живот, или чувствуваме неподнослива болка.

 Во моментов на планетата земја постојат дупло повеќе животни отколку луѓе, кои “вегетираат“ во неподносливи услови и преживуваат страотни маки, трауми и агонии, чекајќи го својот ред на колење. А се колат поради потрошувачите кои купуваат и јадат месо и месни производи.

Ставете му крај на сето тоа, спречете го беспотребното страдање и колење – станете вегетаријанци! Животните имаат право на живот и нема оправдување за маките, агониите, траумите и неописливите болки кои тие ги “преживуваат“ заради тривијални, минливи и заменливи човекови задоволства!

 

-          ПОРАДИ ГЛАДОТ ВО СВЕТОТ

 “Вегетаријанскиот начин на живот би можел крајно позитивно да влијае на судбината на човештвото... Ништо нема во толкава мера да му помогне на човековото здравје, ниту пак би ги зголемил изгледите за опстанок на животот на земјата, како преминот на вегетаријанска исхрана.“

Алберт Ајнштајн, научник

Со исфрлање на месото од вашата исхрана ќе овозможите со пченицата и останатата зрнеста храна, со која сега се гојат животните, да се прехранат и спасат милиони гладни луѓе во светот. За еден килограм месо потребни се 60 килограми пченица, а на површина со големина колку пет фудбалски игралишта, односно 10 хектари, може да се произведе: месо за само двајца, или пченка за 10 луѓе, жито за 24 луѓе, а соја за 61 човек. Со јадењето месо индиректно се подржува гладот во светот и нерамномерната дистрибуција на храна.

 

-          ПОРАДИ ВОДАТА

За производство на еден килограм месо потребни се 10 000 литри вода, а за килограм пченица само 100 литри. Количината вода потрошена за десет парчиња месо е  еднаква на количината вода која просечно семејство ја конзумира за цела година. Во САД месната индустрија ја загадува водата колку сите индустрии и сите градови заедно. Околу 50% загадување на водите во Европа е предизвикано од масовно одгледување живина, а 50% од вкупната потрошувачка на водата се троши за иста цел.

 

-          ПОРАДИ ВОЗДУХОТ

Амоњакот кој доаѓа од шталите каде се чуваат говеда, предизвикува повеќе штета отколку сите автомобили и фабрики на светот заедно!

 

-          ПОРАДИ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Најголем причинител за загадување на водата и воздухот е месната индустрија, поради која се сечат тропските прашуми и која предизвикува глобално затоплување многу повеќе од, на пример, автомобилската индустрија.

 

-  ЗАТОА ШТО НЕ БИ ГО ИЗЕЛЕ СОПСТВЕНОТО КУЧЕ
Поголем број лица се згрозуваат над помислата на јадење кучиња или китови како што се практикува во некои култутри, но тие животни не патат ништо повеќе од животните кои вообичаено се конзумираат како храна. Разликата е само културолошка, а не морална!

 

-  ЗАТОА ШТО НЕМА ДА МОРАТЕ ДА ЈА КРИЕТЕ ВИСТИНАТА ОД ВАШИТЕ ДЕЦА ВО ВРСКА СО ХРАНАТА КОЈА ЈА ЈАДЕТЕ

Децата би биле запрепастени кога би дознале за свирепоста и насилството со кои кокошките, прасињата и сите останати животни се претвараат во печен стек, колбас, хамбургер, филет и останата “храна”.

***

 “Вистинскиот морален испит на човештвото, испит кој е темел на сето останато, се огледува во односот кон оние кои во целост зависат од нашата милост, а тоа се животните. “

Милан Кундера, писател

Бидејќи секој кој премине на вегетаријанска прехрана во текот на својот живот спасува околу 2000 животни, “Срце за животните“ ги повикува сите граѓани на Македонија да не се двоумат да преминат кон ненасилен начин на исхрана и на тој начин, на овој прв ден од пролетта, им стане стил на живеење - поради животните, нашата планета, но и поради нив самите. Само на тој начин ќе осигураме здравје и подобра иднина на нашите деца!

 

Научни истражувања и користени извори:

 Стручна литература:

  • Barnard, Neal, M.D., Food for Life, 1993.
  • Ornish, Dean, Dr., S.E. Brown, L.W. Scherwitz, et al., 'Can Lifestyle Changes Reverse Coronary Heart Disease?'  Lancet, 1990., br. 336
  • Robbins, John, Diet for a New America, 1987.
  • 'Diet and Stress in Vascular Disease,' Journal of the American Medical Association, sv. 176, br. 9, 3.; 1961.
  • Journal of the American Medical Association http://jama.ama-assn.org/
  • Rollo Russel -  Notes on the Caustion of Cancer
 

 20.3.2009,Скопје

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk