visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
Велигден 2009 ПДФ Печати Е-маил

Како го празнувате Велигден?

 

Се ближи најголемиот Христијански празник Велигден, ден кога се слави Христовата милост и жртва за добробит и спас на човештвото. Со желбите за мир, благосостојба и среќа се заборава секојдневното страдање, болка, страв и колење на животните, кои со своите животи ја плаќаат човечката алчност за јадење на нивното месо и месото  нивните деца.

Не се заобиколува ни јагнешкото месо на Велигденската трпеза. Дали е тоа вистинскиот начин за празнување на Велигден? Дали е тоа оправдано?

Размислете барем еден миг: јагнињата не разнежнуваат кога ги гледаме, а всушност на шестмесечна возраст тие се грабнуваат од нивните мајки, се транспортираат во неподносливи и крајно сурови услови, за на крајот да бидат однесени во гадните кланици, каде малите јагненца ги имобилизираат, па така престравени, силеџиски ги закачуваат за едната нога со кука, колат и оставаат да искрварат.

Уште пред да бидат заклани, јагненцата го чувствуваат мирисот на крвта и вриштат од теророт што им се случува на другите јагниња. На милиони животни токму овие им се последните денови, исполнети со страв, депресија и самотија.

 

И ЗОШТО СЕВО ОВА?

Зарем не е лицемерно на денот кога ја славиме добрината, правичноста и милоста на Исус Христос, да заборавиме и да бидеме соучесниси на неопислива физичка болка и агонија, страв и колење на животни? Милиони животни настрадуваат поради празникот на “мир и веселба“, и тоа во периодот на четириесетдневниот пост - зарем тој масовен геноцид на јагнињата не е симбол на нашата се’ поголема духовна пустелија и оддалечување од вистинскиот пат на Христијанската кауза?!

Кој не повикува и кое е оправдувањето за тоа масовно пред-Велигденско насилство, колење јагниња и жртва и дали може да имаме мирна совест? Бог не сака убивање, а особено во Негово име да се коле и убива нешто толку невино и кротко! Никаква жртва во крв, во ниту еден контекст и на ниту едно животно не се бара од верниците, а во име на Бога! Преку Исус во “Новиот Завет“ се обновува и востановува чистата жртва, бескрвниот принос кој нему вистински му е мил, сакрамент на благодарност, принос од бесквасен леб и вино. Вистинскиот христијанин од секогаш и со длабока одбојност гледал таму каде што се прелевала недолжна крв.

Како илустрација за вистинскиот Христијански модел и мирољубивиот принцип на  соживот помеѓу човекот со животните би Ви ги цитирале зборовите на Пророкот Исаија: (книгата на пророк Исаија 11): "Волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да се прави зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето".

Драѓи луѓе, гестот на жртвувањето на јагнињата нема никаква вистинска врска со практикувањето на Христијанската доблест, покајание, милостливост и љубов – тој крвав гест и крвава традиција се директно побивање на Велигденската суштина и претставуваат нагризување на верата и срцето со невиден терор и практикување сила над послабиот, а сето тоа, само поради задоволување на минливи и крвави страсти! Гротескно, неблагодарно и сурово е, Вечниот живот да го славиме со одземање на невини животи!

Воедно, Христос самиот се жртвувал за искупување на нашите гревови, како што вели пророкот Исаија, тој се жртвувал за гревовите на многумина - а како што вели свети Јован Претеча – “Христос, тој е јагнето Божјо кое ги очистува гревовите на светот“. Што тогаш ние всушност јадеме?!!

Ве молиме, неопходно е да разбереме – Петтата Божја заповед “Не убивај!“ важи и за животните.  Како и ние луѓето, така сите животни се раѓаат со потреба за љубов, топлина, игра и пријателство; но, наместо тоа, ги одвојуваме од нивните мајки, затвораме во тесни простори каде го минуваат мачниот живот, за на крајот, по стравотна болка бидат сервирани на нашата трпеза.

Почитувани, Ве повикуваме на прослава на Велигден во мир, сомилост и без насилство, со вегетаријанска храна и колачи, а животните да ги оставиме да живеат! Ширум светот луѓе умират од глад, но во празничниот расипнички дух кој го практикуваме, скапува храна која секоја година се приготвува во прекумерни количини. Мора да сме свесни и за тоа, дека месната индустрија е директно поврзана со гладта во светот и со прекумерното искористување на природните ресурси, а дека прифаќајќи ја безмесната исхрана директно се вклучуваме во борбата против сиромаштијата.

Да им дозволиме на животните да живеат!

Подарете Живот на празникот на Животот!

Не јадете јагнешко месо за Велигденските празници!

Не јадете ниту едно животно, животните се сите исти, сите имаат чувства, страв, болка, но исто така и радост, приврзаност, љубов!

 

ЗА МИЛОСТЛИВ И СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН!,

 

“Срце за животните“,

Здружение за заштита на животните и животната средина

 *Овците се кротки но многу разиграни животни, многу лесно се приврзуваат и стекнуваат доверба во човек и како и човекот и сите останати животни чувствуват и љубов и приврзаност и силно патат по своите деца кога истите им се одземаат - чувствувајќи воедно страв, очај и беспомошност. Природниот животен век им е до 22 години!

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk