visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
2. писмо до Претседателот на Владата на Р.Македонија ПДФ Печати Е-маил

ПРЕДМЕТ: Итно обраќање за справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје (посочување и на преголеми неправилности во спроведувањето на концептот на стационарот Вардариште како хумана и ефикасна алтернатива за справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, каде стапката на усмртување е дури 55,8%). Предлози и укажувања за ефикасно решавање и справување со овој долгогодишен проблем.

 

Почитуван Премиерe Груевски,

длабоко сме загрижени за состојбата на бездомните животни во град Скопје и воопшто во Македонија. Заради тоа, Ви се обраќаме со конкретни предлози за стратегијата за хумано, цивилизирано и успешно соочување и решавање на проблемот со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, согласно со Законот за благосостојба на животните и другите закони на Република Македонија и Ваши овластувања како градоначалник, а во склад со директивите, одлуките и одредбите на Европската Унија.

Сметаме дека единствено Владата и Вие, како Премиер, можете да помогнете ситуацијата да се промени, со оглед на тоа што најчесто промените се условени соработката меѓу институциите и повеќе ресорни Министерства во државата. Длабоко сме убедени дека со тие мерки, ефикасно и со заеднички напори, во догледно време би успеале да се воспостави контрола и решавање на овој проблем, применувајќи најсовремени европски и светски модуси.

Иако во град Скопје од 2007 година постои еден транзитен центар  (стационарот Вардариште), тој со своите капацитети НЕМА никаква моќ да се справи со бројката на бездомни кучиња во целиот град! Смешно е да се очекуваат сериозни резултати кога таму има само 1 служба за заловување и 1 ангажиран ветеринар (потенцираме дека апсолутно сме убедени во компетентноста и моралноста на истото лице, и дека зборуваме поточно за фактичката неизводливост

еден човек и покрај сопственото максимално вложување и расположивост САМ да се справи со толкава бројка!). Од официјалните податоци за “третирани” кучиња испаѓа дека (Официјална статистика од 9.2007 до 1.2009 год.) 1976 кучиња се заловени, од кои 1105 се еутаназирани, 711 се третирани , 130 се посвоени - од вкупната бројка, значи, се усмртиле 55,8 %. Испаѓа дека таму се третирале дневно (работни денови) едвај 4,9 кучиња - од кои 2,76 кучиња се усмртени – знач,и во најдобар случај, им било инјектирано средство за усмртување -  ПОРАДИ ОВА ТВРДИМЕ ДЕКА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРАВИ СО БРОЈКАТА ОД РЕЧИСИ 10.000 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА НЕ СМЕЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ТАКВО ТЕМПО, НЕЕФИКАСНОСТ И ОСКУДНИ КАПАЦИТЕТИ и САМО ЕДНО КОМПЕТЕНТНО ВЕТЕРИНАРНО ЛИЦЕ! Доколку се погледне само законот за ветеринарно здравство (член 43) за да постои една амбуланта, клиника и слично, НЕОПХОДНО е работење во смени што би вклучило најмалку уште еден ветеринар, а знаеме дека во една амбуланта се потребни капацитети далеку помали од капацитет во установа која има за цел третирање на огромна бројка на бездомни кучиња и да реши градски проблем! Очекување на позитивни резултати со вакво темпо е сосема илу-зорно, а во меѓувреме се губат и неповратно трошат огромни суми на пари!

Сметаме дека никако не треба да се занемари и фактот што освен ветеринарното лице ангажирано во стационарот, ниту едно друго лице не е компетентно за пропагирање и посочување на вдомувањето бездомен миленик како солуција (ова за жал ни го имаат потврдено огромен број на граѓани, а и ние повеќе пати имаме увидено дека ангажираните лица од ЈП “Комунална хигиена“ и самите не веруваат дека бездомните кучиња треба да се вдомуваат!) а доколку сакаме да ги следиме методите во модерниот свет вистинскиот пристапот и инволвирањето на лица од НВО и волонтери - љубители на животни  биле значаен фактор практика на вдомување да оди во евидентна нагорна линија!

Заради тоа ние ИНСИСТИРАМЕ дека само со реорганизација и итно зголемување на капацитетите (просторно), и пред се, со ангажирање на најмалку уште 5 стручни ветеринарни лица, во услови кога би се практикувало третирање на најмалку 20 кучиња дневно, во рок од една година би се истретирале, т.е. стерилизирале и кастрирале 7500 улични кучиња (при тоа потенцираме: зборуваме за хипотетички услови, кога би немало ниту една потреба од еутаназирање! На тој начин би можеле да гарантираме максимално ефективно, хумано и исплатливо инвестирање во оваа проблематика, со која потоа ке се воспостави ТРАЈНА контрола на кучињата и сигурно намалување на нивната популација! Потенцираме, ние стоиме во секој момент на располагање да побараме дополнителна финансиска помош од фондации кои се грижат за правата на животните, да поканиме стручни лица од странство и стоиме како организација на располагање за секаква поинаква помош за која би биле компетентни!

 

Во прилог на ова, неопходно и итно е:

1.   Итен прекин на масовната еуатаназија/убивање на кучињата. Според официјалните податоци за работата на стационарот, 55,8% од сите заловени кучиња се еутаназирани.Тоа во никој случај не може да се оправда, ниту од етичка гледна точка, ниту во однос на Законот за благосостојба на животните. Почитуван Премиеру ние како здружение и јавноста длабоко сме убедени дека е невозможно повеќе од секое второ куче во нашиот град да е болно или прекумерно агресивно и со тоа дека е оправдана таквата стапка на усмртување! Со таквата геноцидна пракса мора веднаш да се престане, и тоа не само од етички причини, туку и заради тоа што тоа е спротивно со законот и веќе се покажала како неефикасна во минатото. За таквата состојба да се промени, потребна е помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Ветеринарната управа;

2.   Вклучување на повеќе ветеринарни и стручни лица за извршување на интервенциите и заловување на кучињата, а воедно и лица кои би се залагале за поефикасна стапка на вдомување – во спротивно е илузорно и сосема необјективно да се сметаат и очекуваат некои видливи резултати со она што тој како алтернатива го нуди (една служба со едно возило и еден ветеринар). Конкретно, предлагаме секоја општина да ангажира ветеринар и заловувачка служба со возило. На тој начин, програмата за стерилизација многукратно ќе ја зголеми својата ефикасност, и за многу пократко време ќе се намали нивната популација. На долгорочен план заштедите би биле значителни и евидентни, бидејќи системски би се надминал проблемот! Владата би можела финансиски да ги помогне општините и Зелс за оваа програма да може да се реализира.

3.   Помош во организирање на кампањите за подигнување на јавната свест на граѓаните (видео спотови, билборди, постери, флаери и др.) Исклучително би ја акцентирале важноста за учество на Владата во овие кампањи, заради искоренување на лошите навики кои се спротивни на Законите на Р.Македонија (масовни труења животни ...). Акцентираме дека е неспроводливо тие обврски да се препуштат само на волонтерски здруженија и на граѓаните. Наш предлог: ТВ КАМПАЊИ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ која ќе оди по ТВ медиумите со цел да се влијае на свеста на луѓето да ги сакаат и почитуваат животните и да им помагаат, а оние од другата страна (нехуманите) да сфатат дека постојат казни за нехуманото однесување кон животните (МАЛТРЕТИРАЊЕ, УБИВАЊЕ). Исклучително важно е Вие, како претседател на Владата на Р.Македонија јавно да се заложите за откривање и санкционирање на сторителите на такви дела, кои ги ставаат во опасност луѓето, посебно децата (вообичаена е праксата на користење отрови кои и кај луѓето за многу кратко време би довеле до фатален, смртен исход – потсетуваме, ДОСЕГА НЕМА НИТУ ОТКРИЕН, НИТУ САНКЦИОНИРАН СТОРИТЕЛ НА ТАКВО КРИВИЧНО ДЕЛО. Се наметнува прашањето: ЗОШТО?).                                   h          

4.   Градот Скопје е единствена метропола во Европа без ниедно прифатилиште за животни. Отворање прифатилишта за бездомни животни водени од граѓанските здруженија од оваа област е потреба на сите градови во Р.Македонија, а посебно во Скопје и Битола. За ваков проект, неопходна е помош од Владата со буџетски средства на годишно ниво, за основните трошоци (за дополнителни средства, може здруженијата да аплицираат за грант средства од светски фондации и здруженија);

5.   Мораме да напоменеме дека државата и дел од Јавните претпријатија претрпуваат големи финансиски загуби поради нерешавањето на овој проблем. Ќе наведеме само еден пример: ЈП „Македонијапат“ по завршните судски постапки во 2007 и 2008 год. по основ на штети кон граѓани, за сообраќајни незгоди со кучиња, мачки и сл. има исплатено 36.000.000,00 денари = 600.000,00 евра, а во тек се постапки за спорови во вредност од 52.000.000,00 денари = 850.000,00 евра. Тоа се огромни загуби на буџетот.                                                           Б

6.   Дополна на „Законот за благосостојба на животните“(донесен 2007 год., а стапен во сила 1.1.2008 год) и изработка на правилниците за спроведување на законот (во овој дел ја нудиме и нашата помош). Поради неприменување на Законот (или немање правилник за негово спроведување) многу сегменти од него не се применуваат, посебно  делот за казнување на луѓе кои повредуваат, малтретираат животно или во најлош случај го отруле,односно убиле. Во многу земји тоа се смета за убиство е и строго казниво, а во Р.Македонија не е откриен ниту еден сторител, а да не говориме за негово санкционирање. За овој дел мора да нагласиме дека има премногу заинтересирани граѓани кои се обраќаат со поплаки. Ве молиме: Ова е од исклучителна важност, бидејќи во моментот ситуацијата е очајна;

 

Ви нагласуваме дека сме на располагање за контакт и соработка како здружение “Срце за животните“ во справувањето со овие и ред други проблеми, кои се однесуваат на заштитата на животните и заштитата на животната средина, преку кои заедно, со сите наши капацитети би придонеле секоја општина да ја направиме поубаво, побезбедно, похумано, организирано и чисто место за живеење!

Сите наши ресурси Ви ги ставаме на располагање: стручни соработници, контакти со видни и реномирани светски здруженија и организации од оваа област, за да придонесеме за решавање овие проблеми. Убедени сме за Вашата свесност дека ова се проблеми кои секојдневно и директно ги засегаат сите граѓани, а, со тоа, дека ќе Ви претставува приоритет решавањето на истите!

ВО ИМЕ НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ И ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ, се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени ЗА ПОДОБАР И ПОХУМАН ОДНОС  КОН ЖИВОТНИТЕ.

 

Срце за животните
24.6.2009

Доколку сакате и Вие да се заложите за животните и да му пишете на Премиерот и Владата на Р.Македонија, кликнете на овој линк.

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk