visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
До кандидатите за градоначалници на Р.Македонија ПДФ Печати Е-маил


ПРЕДМЕТ: Справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во градoвите – да Вие како кандидат за градоначалник планирате да сторите во однос на тој проблем?

Предлог проекти, укажувања на досегашните пропусти и барања до градот како надлежен за соочување и справување со истите -

 

Почитувани,

 Како здружение за заштита на животните и животната средина “Срце за животните“ и членка на “WSPA“ (Светското здружение за заштита на животните), длабоко сме загрижени за состојбата на бездомните животни во Р.Македонија, при што, во својата програма, кандидатите за градоначалници или „срамежливо“ или воопшто не посветиле внимание. Заради тоа, Ви се обраќаме со апел да го слушнеме Вашиот став и стратегија за хумано, цивилизирано и успешно соочување и решавање на проблемот со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во градовите во Р.Македонија. Со таа цел Ви приложуваме наша предлог-програма и предлог проекти со кои, согласно со законите на Република Македонија и Ваши овластувања како градоначалник, а во склад со директивите, одлуките и одредбите на Европската Унија, би успеале во догледно време да се воспостави контрола и решавање на овој проблем.

Ве молиме да се огласите преку медиумите со Вашиот став и Вашите аргументи врз основа на долунаведеното и за јавноста да ги предочите конкретните чекори и приоритети во вашата програма, со кои би се ангажирале како иден градоначалник, во оваа област.

 

 1. Изградба на прифатилишта за престој на бездомните кучиња

Во склад со директивите, одредбите на Европската Унија – неопходна е ИЗГРАДБА НА ПРИФАТИЛИШТА ЗА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ (во случајов, за кучиња) низ цела Македонија, а најургентно, во Скопје, т.е.:

 - обезбедување содветно земјиште и инфраструктура за прифатилиштата,

 - изградба на прифатилиштата, нивно опремување и остручување на соодветен персонал за работа,

 - соработка и учество на градската управа со Владата на Р.Македонија, со буџетски средства на годишно ниво за основните трошоци - за дополнителни средства, може здруженијата да аплицираат за грант средства од светски фондации и здруженија;

 

    Ве молиме да имате во предвид дека  градот Скопје е единствена метропола без ниедно прифатилиште за животни - на Ваше барање би Ви биле доставени податоци за бројката прифатилишта во сите соседни, или европски кои се финансирани од страна на државата, и со кои на единствен успешен и хуман начин се спроведува програма за контрола, локализирање, стерилизација на кучињата скитници па при тоа драстично се намалува бројката на истите. Отворање прифатилишта за бездомни животни водени од граѓанските здруженија од оваа област е потреба на сите градови во Р.Македонија, а особено во поголемите .

 

2. Отворање на нови стационари кои ќе го практикуваат принципот и методот „ЗАЛОВИ, СТЕРИЛИЗИРАЈ, ВРАТИ“ во сите општини каде не би можело да се изградат прифатилишта, а воедно и зголемување на капацитетите на единствениот стационар од тој тип, стационарот “Вардариште“.

 Овој принцип подразбира масовна стерилизација/кастрација и вакцинација на бездомните кучиња, како и неминовна еутаназија на тешко болните, или агресивни кучиња – принцип кој е осмислен, одобрен и спроведен од Светското здружение за заштита на животните (Лондон) и сестрано поддржан од Светската здравствена организација. Особено е успешен и применлив во некои исклучително сиромашни земји како Индија, Куба, Египет – значи нема масовно ликвидирање кучиња и непотребно, противзаконско одземање на нивните животи, тие по интервенирањето се враќаат на својата територија и при тоа истата не ја населуваат други кучиња, што всушност би бил ефектот доколку кучињата едноставно бидат убиени и одстранети, бидејќи во природата кучињата мигрираат и се населуваат во области каде ќе почувствуваат дека територијата е “слободна“ – на ваков начин само би се постигнал ефектот на вртење во круг, применил концепт без етичко оправдување, противзаконит и казнив за секоја држава која има европска тенденција и насока, па така и во Р. Македонија.

Свесни сме дека во градот Скопје таков еден транзитен стационар постои од 2007 година  (стационарот Вардариште), но тој во никој случај не ги задоволува и не може да ги задоволува и извршува потребниот број интервенции на градско ниво – во однос на него, прекупотребно е зголемувањето на неговите капацитети и просторно но и со вклучување на повеќе ветеринарни и стручни лица за извршување на интервенциите и заловување на кучињата, а воедно и негово итно доопремување – во спротивно е илузорно и сосема необјективно да се сметаат и очекуваат некои видливи резултати со она што тој како алтернатива го нуди – а секојдневно  во истиот тој се трошат огромни суми на пари. Воедно е огромен проблем тамошното несистемско работење и недостигот на систем на набљудување на целиот проект.

Во прилог на ова, неопходно би било:

  • Организирање на обука на надлежните служби во локалната самоуправа за спроведување на проектот,
  • Запознавање на надлежните служби во локалната самоуправа за правната основа на Методот ЗАЛОВИ, СТЕРИЛИЗИРАЈ, ВРАТИ со законите на Европската унија и законите на Република Македонија со кој се регулира оваа материја,
  • Воведување на комунална инспекција која би го гарантирала спроведувањето на Методот и законската регулатива, а како инспектори да бидат ангажирани активистите на друштвата за заштита на животните и еколошките сруштва.
  • Информирање на граѓаните за предностите и трајниот ефект на методот “Залови, стерилизирај, врати“ и за суровоста и неефикасноста на моменталниот начин на решавање на проблемот,
  • Форсирање на програма за вдомување на бездомни кучиња – печатење и дистрибуција на информативен материјал – летоци,
  • Воспоставување на подобра комуникација меѓу друштвата за заштита на животните и граѓаните со локалните власти при решавањето на комуналните проблеми на заедницата
  • Директна комуникација на ресорните Министерства со здруженијата од овој сектор (досега од ниедно Министерство немаме добиено покана за учество и помош во работата).

 

   3. Воведување служба за повредени бездомни животни во Скопје

– потребна е помош за набавка на возило и негово одржување, персонал (обука и плата), опрема за заловување, медицински средства, ветеринар, сместување и пост-оперативна нега на животните (проект за кој Т-Mobile фондацијата одобри донаторски број 2008 год). Потребата од овој проект е голема – секојдневно се јавуваат граѓани за да пријават повредени животни. Ние како здружение би стоеле на располагање и стои можноста да за дополнителни средства аплицираме за грант средства од светски фондации и здруженија;

 

      4. Помош во организирање на кампањите за подигнување на јавната свест на граѓаните (видео спотови, билборди, постери, флаери и др.) Исклучително би ја акцентирале важноста за учество на Владата на овие кампањи, заради искоренување на лошите навики кои се спротивни на Законите на Р.Македонија (масовни труења животни ...). Акцентираме дека е неспроводливо тие обврски да се препуштат само на волонтерски здруженија и на граѓаните. Наш предлог: ТВ КАМПАЊИ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ која ќе оди по ТВ медиумите со цел да се влијае на свеста на луѓето да ги сакаат и почитуваат животните и да им помагаат, а оние од другата страна ( нехуманите) да сфатат дека постојат казни за нехуманото однесување кон животните (МАЛТРЕТИРАЊЕ, УБИВАЊЕ)


Почитувани, Ви нагласуваме дека сме на располагање за контакт и соработка како здружение “Срце за животните“ во справувањето со овие и ред други проблеми, кои се однесуваат на заштитата на животните и заштитата на животната средина, преку кои заедно, со сите наши капацитети би придонеле секоја општина да ја направиме поубаво, побезбедно, похумано, организирано и чисто место за живеење!

Ви ги ставаме на располагање нашите ресурси: стручни соработници, контакти со видни и реномирани светски здруженија и организации од оваа област, за да придонесеме за решавање овие проблеми. Убедени сме за Вашата свесност дека ова се проблеми кои секојдневно и директно ги засегаат сите граѓани, а, со тоа, дека ќе Ви претставува приоритет решавањето на истите!

 

ВО ИМЕ НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ И ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ, се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени ЗА ПОДОБАР И ПОХУМАН ОДНОС  КОН ЖИВОТНИТЕ. За натамошна соработка, информации и консултации, Ви стоиме на располагање.

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk