visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
до градоначалникот на град Скопје ПДФ Печати Е-маил
До градоначалникот
на град Скопје
г-дин Коце Трајановски

ПРЕДМЕТ: Укажување на исклучително високата стапка на бездомни кучиња кои се еутаназираат во стационарот Вардариште и неоправданоста на таквиот чин; укажување на недоволните капацитети на истиот да се справи со проблематиката на неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје; барање за итна нова концепција и максимално  ограничување на еутаназирањето како “солуција“ 

 

Почитуван градоначалнику Трајановски,

Како здружение за заштита на животните и животната средина “Срце за животните“ и членка на “WSPA“ (Светското здружение за заштита на животните), длабоко сме загрижени за состојбата на бездомните животни во град Скопје и начините со кој се има за цел намалувањето на нивната бројност. Заради тоа, Ви се обраќаме со конкретни предлози за стратегијата за хумано, цивилизирано и успешно соочување и решавање на проблемот со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, согласно со Законот за благосостојба на животните и другите закони на Република Македонија и Ваши овластувања како градоначалник, а во склад со директивите, одлуките и одредбите на Европската Унија. Сметаме дека единствено со тие мерки, ефикасно и со заеднички напори, во догледно време би успеале да се воспостави контрола и решавање на овој проблем.

Иако во град Скопје од 2007 година постои еден транзитен центар  (стационарот Вардариште), тој ни оддалеку не ги задоволува и не може да ги задоволи и извршува потребниот број интервенции на градско ниво. Во прилог на ова, неопходно е и итно да се интервенира во долунаведеното:

1.      Според официјалните податоци за работата на стационарот, 55% од севкупните заловени кучиња се еутаназирани! Тоа, почитуван градоначалнику, во никој случај не може да се оправда, ниту од етичка гледна точка, ниту во однос на Законот за благосостојба на животните! Никој не може нас, ниту јавноста, да н# убеди дека 55% од заловените кучиња биле агресивни или неизлечиво болни, па затоа биле еутаназирани. Со таквата геноцидна пракса мора веднаш да се престане, и тоа не само од етички причини, туку и заради тоа што тоа е спротивно со законот и веќе се покажала како неефикасна во минатото. Ваквиот брутален третман и оваа бројка на убиени кучиња укажува на сериозни и недозволливи пропусти во спроведувањето на проектот “залови–стерилизирај–врати“ и на неговата апсолутна немоќ и неиздржаност да се справи со прекумерената бројност на бездомните кучиња на хуман начин! Ваквата пракса нас како држава н# уназадува и с# повеќе н# оддалечува од европските тенденции кои имаат прецизно востановени стандарди и сосема е извесно дека истата би претставувала огромен минус за Македонија во очите на странската јавност! Ве молиме да реагирате бидејќи преку потребно и единствено хумано е итно запирање, т.е. максимално ограничување на можноста на еутаназија (кај многу болните или прекумерено агресивни), итна реорганизација и доследно засилување на капацитетите во стационарот во секоја смисла!

За грозоморната и недопустлива состојба во стационарот веќе во неколку наврати укажавме и реагиравме во Секторот за комунални работи и предложивме: Константен мониторинг на работата на овој проект – инспекторат, градска управа, граѓански здруженија – само на тој начин нема веќе да има константни поплаки од граѓани за работата на стационарот, неоснована ликвидација на животните, а и ќе се обезбеди транспарентност. Во спротивно, никој не би можел да ги „испере рацете“ од она што се случува.

2.      Вклучување на повеќе ветеринарни и стручни лица за извршување на интервенциите и заловување на кучињата – во спротивно е илузорно и сосема необјективно да се сметаат и очекуваат некои видливи резултати со она што тој како алтернатива го нуди располагајќи со само една служба за заловување, со едно возило и еден ветеринар (и покрај неговата максимална компетентност и посветеност). Конкретно, предлагаме секоја општина да ангажира ветеринар и заловувачка служба со возило и отвoрање на нови помали транзит центри во истите. На тој начин, програмата за стерилизација многукратно ќе ја зголеми својата ефикасност и за многу пократко време ќе се намали нивната популација – од економски аспект ова е многу поисплатлива инвестиција на долгорочен план, за која во секој случај вреди да бидат одвоени дел од јавните пари!

3.      Доследно враќање на заловените кучиња на истата локација (потенцираме и поосочуваме на пропусти кога станува збор за здрави и неагресивни кучиња кои биле заловени и повторно никогаш не се вратени!) – ваквото недоследно спроведување во праксата која би требале да ја спроведуваат како последица води до „испразнети локации“ кои потоа ги пополнуваат кучиња од други локации, дури и од надвор од градот)

4.      Помош во организирање на кампањите за подигнување на јавната свест и КОНСТАНТНА едукација на граѓаните (видео спотови, билборди, постери, флаери и др.) Исклучително би ја акцентирале важноста за учество на градската власт на овие кампањи, заради искоренување на лошите навики кои се спротивни на Законите на Р.Македонија (масовни труења животни ...). Со несанкционирањето на НИТУ ЕДЕН сторител на вакви тешки кривични и опасни по живот дела – фрлањето отрови, уште пошироко се отвара вратата на неодговорното однесување кон животните, но и кон луѓето! Најчесто насилството спрема животните е првиот чекор кој директно води кон насилсто врз луѓето – помеѓу едниот и другиот вид агресија стои само една тенка линија, која од ден на ден станува се потенка!

Акцентираме дека е неспроводливо тие обврски да се препуштат само на волонтерски здруженија и на граѓаните. Наш предлог: ТВ КАМПАЊИ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ која ќе оди по ТВ медиумите со цел да се влијае на свеста на луѓето да ги сакаат и почитуваат животните и да им помагаат, а оние од другата страна (нехуманите) да сфатат дека постојат адекватни казнени одредби за нехуманото однесување кон животните (МАЛТРЕТИРАЊЕ, УБИВАЊЕ). Исклучително важно е Вие, како градоначалник на градот јавно да се заложите за откривање и санкционирање на сторителите на такви дела, кои ги ставаат во опасност луѓето, посебно децата (повторно потенцираме дека досега нема ниту откриен ниту санкциониран сторител на такво кривично дело и покрај огромната бројка на затруени животни. Се наметнува прашањето: КАКО Е ТОА ВОЗМОЖНО?) И дали би постоело оправдување доколку некое дете или жител на градот стане жртва поради таквите секојдневни пракси - затоа што сме повеќе од свесни дека таквиот епилог е повеќе од можен!

Почитуван градоначалнику, Ви нагласуваме дека сме на располагање за контакт и соработка како здружение “Срце за животните“ во справувањето со овие и ред други проблеми, кои се однесуваат на заштитата на животните и заштитата на животната средина, преку кои заедно, со сите наши капацитети би придонеле секоја општина да ја направиме поубаво, побезбедно, похумано, организирано и чисто место за живеење!

Ви ги ставаме на располагање нашите ресурси: стручни соработници, контакти со видни и реномирани светски здруженија и организации од оваа област, за да придонесеме за решавање овие проблеми. Убедени сме за Вашата свесност дека ова се проблеми кои секојдневно и директно ги засегаат сите граѓани, а, со тоа, дека ќе Ви претставува приоритет решавањето на истите!

ВО ИМЕ НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ И ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ, се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени ЗА ПОДОБАР И ПОХУМАН ОДНОС  КОН ЖИВОТНИТЕ.

Почитуван градоначалнику, по Вашата огромна поддршка на манифестацијата за посвојување на бездомни животни кога вдомивте бездомно кученце и кога покажавте хуманост на дело, искрено се надеваме на Вашата поддршка. Така, со ова писмо апелираме и за директна средба со Вас, за поблиску да Ве запознаеме со нашите предлози, бидејќи во надлежниот сектор веќе се информирани за нашите ставови.

За натамошна соработка, информации и консултации, Ви стоиме на располагање!

"Срце за животните"

16.6.2009, Скопје

Доколку сакате и Вие да се заложите за животните и да му пишете на градоначалникот на град Скопје, можете да му пишете на следната e-mail адреса: Е-маил адресата e заштитена од спам ботови.

 

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk