visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
интервенција ПДФ Печати Е-маил

До Министерството за транспорт и врски
на Р.Македонија

Предмет: Интервенција во врска со спроведувањето на ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА (Службен весник на РМ, бр. 111 од 03.09.2008 година)

Почитувани

Соочени со поплаките од многу граѓани кои се обратија за помош до нашето здружение, се обраќаме до Вашето Министерство за појаснување на членот 14 од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА, во делот кој вели: „Заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини е забрането: ... оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици во садови за отпад “.

Имено, веќе во повеќе наврати се случува граѓани да бидат парично казнети поради уринирање на домашните миленици(кучиња) кои ги чуваат. Консултирајќи се за праксата во другите држави и со стручни лица - за употребената терминологија во ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА (ни беше појаснето дека терминот „фекални остатоци“ не подразбира „уринирање“ – со исклучок на птиците, кои овој член од законот не ги опфаќа, бидејќи тие не се „шетаат“).

Впрочем, оние кои ја познаваат физиологијата на кучињата, многу добро знаат, дека, за разлика од мачките (каде уринирањето најчесто се врши во песок), кај кучињата тоа е невозможно (уринирање на песок во домашни услови).

Ве молиме за Ваш писмен одговор во законскиот рок и мислење за кое официјално ќе бидат известени и општинските инспектори и полицијата, заради коректно спроведување на Законот, а не малтретирање и неосновано санкционирање на граѓани.

За натамошна соработка и информации, Ви стоиме на располагање (адресата и начините за контакт се на меморандумот од ова писмо!).

12.1.2009,Скопје

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk