visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
кружнo писмo бр.6 ПДФ Печати Е-маил

 

04/04/09

контакт

актуелно-акции

списание

донирај сега

AПЕЛ по повод Велигден и 24.април – Светскиот ден за заштита на лабораториските животни!

Почитувани пријатели на животните,

Помогнете за време на Велигденските празници и 24.април-Светскиот ден за заштита на лабораториските животни, да се апелира и менува јавната свест за правата на животните. Помогнете финансиски за да отпечатиме информативен материјал (флаери и постери) и вклучете се активно во акциите на здружението!

Во канцеларијата на здружението има можност секој да волонтира.
За повеќе информации, контактирајте со нас
: контакт).
Активностите и проектите предвидени за 2009 год. дали и во која мера ќе бидат реализирани, директно зависи и од Вашата помош (За повеќе информации за активностите и проектите за 2009 кликни тука: Активности 2009)

Писмо до DELTA Rescue

Во прилог на заложбите на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ за отворање на прифатилишта за бездомни животни во градовите во Македонија, беше упатено писмо до DELTA Rescue за соработка и информирање на нашата стручна јавност од оваа област, за проектот кој тие го спроведуваат, за изградбата на живеалишта од сено за кучињата кои се прифатени и живеат во парови во прифатилиштето: Систем за изградба на живеалишта во прифатилиштето, кој тие го иновираа и функционира за 859 кучиња, кои истовремено тука може и да си играат. Двајца луѓе можат едно живеалиште за две кучиња да изградат за 10 минути.

Нови акции во април

Со цел да ги акцентираме проблемите на животните и да иницираме нивно решавање, во саботите на месец март, април и мај, беа предвидени и се организираат повеќе активности на здружението во центарот на Скопје. Во рамките на истите на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје ќе биде поставен штанд (доколку дозволуваат временските услови и има доволно активисти) со транспаренти и бесплатно ќе биде делен разновиден инфо–материјал. Во месец април ќе се организираат акции (градот веќе ни ги одобри бараните термини) на 4.4(сабота-денес), 11.4(сабота), 18.4(сабота), 22.4(среда), 24.4(петок) и 25.4(сабота); сите акции се со почеток од 13:00 часот.(лице за контакт и координација: Вангел 070-465-213) - ВЕ ПОВИКУВАМЕ АКТИВНО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ! (оние што живеат во други градови, можат БЕСПЛАТНО да нарачаат материјал и по пошта да им го испратиме, за да го делат на своите сограѓани).

Во рамките на овој тримесечен проект потребно е да се подготви и отпечати обемен информативен материјал (кој се дели бесплатно), кој тековно се подготвува. На него интензивно работат активисти на здружението. Но, за негово печатење се неопходни и финансиски средства. Заради тоа, се обраќаме и со апел за финансиска помош и донатори за таа намена (кој сака да дознае како може да помогне, може да кликне тука). Во март беа поделени над 4500 летоци.

НА ЖИВОТНИТЕ ИМ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ПОМОШ!

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ на саемот на книгата и либрографика 2009

Од 8.4. до 14.4. Здружението ќе го изложи својот инфо-материјал на Саемот на книгата и либрографика во Скопје. Ве покануваме да не посетите, но и да помогнете во активностите на саемот.

Превод на WEB страницата на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ

Почитувани, Ве известуваме дека е почната подготовката на WEB-страницата на Здружението и на англиски јазик. Воедно, огромна помош би било ако знаете некој странски јазик, да се вклучите и помогнете во преводите! (за да се погледне: кликни тука).

Вдомете нерасно кученце – спасете живот и ќе добиете верен пријател!

Повторно апелираме до сите љубители на животни да вдомат и посвојат нерасно кученце и на тој начин да спасат туѓ живот, а својот да го разубават, збогатат и оплеменат. Не го бирајте по раса својот пријател – дајте шанса на оние кои намалку ја имаат! Јавете се на следниве телефони и одберете го БЕСПЛАТНО Вашиот миленик – зашто љубовта и пријателството не се купуваат!

- Контакт телефони: стационар Вардариште – 02-8201315, 075-506090
- „Срце за животните“, тел: 02-5311432, 075-800765

- Ветеринарен центар: (ветеринар Димче Велковски, тел: 02-3178611
- Стационар “ Има надеж“ (Драган): моб. 070-844319

- Госпоѓа Тања: 02-2435112
- Госпоѓа Роза: моб. 070-904950
- Даниела: моб. 075-613-655


За повеќе информации за огласи за посвојување кликни тука!

Бидејќи минатонеделнито писмо не вроди плод овие две кутриња и мачор да бидат вдомени, ние повторно Ви ги претставуваме:
Жртва на несовесен возач, кој го удрил со автомобилот и застанал да погледне дали му е оштетен браникот. Кутрето со скршеница на карлицата и десната задна нога, беше оставено на улица. По 2-часовна интервенција на д-р Диме Велковски, при што му беше ставена шипка, која треба да се извади по 40 дена, јунакот успешно се опоравува.
По заздравувањето, нему ќе му треба топол дом.
Сега сме на потег сите ние – да му најдеме топол дом и грижлив сопственик!


Во моментот немаат свој дом и ова кутре и мачор, но се надеваме дека тоа наскоро ќе се промени. На сите ним им треба Вашата љубов, грижа и топол дом. Секој заинтересиран што сака да вдоми некој од нив, може да се јави на тел. 02-5311432, 075-800765 или 070-844319.

ИМАЈ СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ!“ - купи и поддржи!

Голема благодарност до Билјана Крол, која живее во САД, и е вистински пример, дека, кој сака, тој активно може да помага за заштитата на животните во Македонија, без разлика каде е. Тоа е добар поттик и за сите нас, да размислиме дали и со што секој од нас поединечно помага или придонесува во заштитата на животните.

Кликнете на банерот десно и погледнете го on-line shop-от, при што, сите средства од продажбата ќе бидат донација за СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ за заштитата на животните во Македонија.

Глас на животните

Во подготовка е 9. број од списанието „Глас на животните“, кој планираме да се издаде првата половина од април. Секоја сугестија, материјал, фотографии, текст се добредојдени, но и спонзорства и донации, без кои издавањето не би било можно.

(кој сака да дознае како може да помогне, може да кликне тука).

Кој сака on-line да ги разгледа списанијата, може да кликне на следниот линк.

Писмо до кандидатите за градоначалници

Во повод фактот дека кандидатите за градоначалници во своите програми, или „срамежливо“ или воопшто не посветиле внимание за решавање на проблемот со бездомните животни, се обративме до нив со апел да го слушнеме нивниот став и стратегија за хумано, цивилизирано и успешно соочување и решавање на проблемот со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во градовите во Р.Македонија. Беа упатени две писма до главните изборни штабови на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ:

Притоа, ги предочивме проблемите. Дадовме наши предлози и иницијативи. Останува да видиме, колку идните градоначалници ќе бидат заинтересирани посветено да се заложат за хумано решавање на овој проблем.

Вегетаријански готвач

Здружението подготвува да издаде веганско-вегетаријански готвач – џепно издание со збирка одбрани вкусни рецепти.

Заради поскоро издавање, секој што може и сака финансиски да го поддржи печатењето на оваа издание, или пак сака да се претплати за истото (промотивната претплатничка цена е 50 ден+ПТТ).

За информации за уплата за наменска донација или претплата кликнете тука.


Децата цртаат за животните


ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО СВЕТСКИТЕ ПЕТИЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ!

Во Кина животните немаат права. Индустријата за крзно е многу свирепа. Помогнете тоа да престане.

Вклучете се во петицијата на РЕТА до олимпискиот комитет против геноцидот врз бебињата-фоки во Канада

Вклучете се во петицијата на канаѓаните против масакрот врз бебињата-фоки во Канада.

Доколку при пополнување на петициите имате некакви нејаснотии, слободно контактирајте не – ве молиме, петициите проследете ги и до ваши пријатели, за да се соберат во што поголем број!

veg-рецепти online

огласи

зачленување

линкови

Здружение за заштита на животните
и животната средина "СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ"
п.фах 420, 1000 Скопје
тел. ++ 389 (0)2 5311432
fax ++ 389 (0)2 5311433
моб. ++ 389 (0)75 800-765
e-mail: Е-маил адресата e заштитена од спам ботови.
www.srcezazivotnite.org.mk
Можете и лично да не посетите: Секој четврток од 19:30 до 21:00 часот во ресторанот "Хармонија" во Т.Ц. Скопјанка (локал 37), кај подземниот премин (до железничката станица во Скопје)

Доколку не сакате да примате новости Ве молиме кликнете овде и пишете ни.



 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk