visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
кружнo писмo бр.7 ПДФ Печати Е-маил

22.04.2009

контакт

актуелно-акции

списание

донирај сега

Велигден – празник на мир или геноцид врз животните!

Помина и овој Велигден!

Иако „СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“ предупреди, и оваа година медиумите јавуваат за над 150 случаи на прејадување со јагнешко месо и јајца. Празникот на мирот и љубовта повторно помина во знакот на „канибализмот врз животните-бебиња“. Ние, луѓето, им пресудивме, а месарските ножеви ја извршија пресудата.

На 11.4 здружението отпечати 2500 летоци „ЗА МИЛОСТИВ И СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН“, кои беа поделени до сите кои сакаа да прочитаат.

На 13.4. „СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“ упати писмо до г.г. Стефан и МПЦ со апел јавно да ги повика верниците да да го изостават месото на своите Велигденски трпези и да објасни дека не постои невина крвна жртва во името Божјо. (кликнете и прочитајте го писмото)

На 15.4. здружението организираше и прес-конференција за медиумите по повод Велигденските празници, при што, се обративме до нашите сограѓани. (кликнете и прочитајте го текстот од нашето обраќање). По прес-конференцијата, на 16.4 во ВЕЧЕР (кликнете и прочитајте) и ВРЕМЕ (кликнете и прочитајте ја единствената реакција од МПЦ преку овој напис) излегоа написи, а КАНАЛ 5 сними прилог кој беше емитуван неколку пати изминатите денови.

На 17.4. гостување во живо на радио БРАВО во Куманово.

Голема благодарност до сите новинари и медиуми кои ни излегоа во пресрет!!!

И, тукушто помисливме дека можеби сега и животните ќе можат малку да здивнат после „празникот“, и се случи нов јавен колеж: веста е преземена од А1 ТВ (кликни и прочитај).

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ на саемот на книгата и либрографика 2009

Од 8.4. до 14.4. Здружението настапи со својот инфо-материјал на Саемот на книгата и либрографика во Скопје. Многу посетители земаа од материјалите, некои со чудење ги гледаа новите постери кои беа изложени, а најголем впечаток, како и секогаш, остави видеото „Јас јадам месо!“ (кланица во живо), кое беше презентирано за посетителите. Се собираа во групи, згрозени од глетката, коментирајќи го тоа што, добар дел од нив, за првпат имаа прилика да го видат: голата вистина за месото.

Акции во април



 














 

 
Ова се неколку фотографии од акциите на градскиот плоштад во Скопје.

НА ЖИВОТНИТЕ ИМ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ПОМОШ!
24.април – Светски ден за заштита на лабораториските животни

На 22.4., 24.4. и 25.4. по повод Светскиот ден за заштита на лабораториските животни здружението подготви нов флаер „НЕ ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ СО ЖИВОТНИ“ и организира акции на градскиот плоштад во Скопје со почеток од 13:00 часот. Флаерот ќе биде отпечатен во 2500 примероци и за него треба да се платат 2000 денари. Заради тоа, се обраќаме и со апел за финансиска помош и донатори за таа намена (кој сака да дознае како може да помогне, може да кликне тука).

Лице за контакт и координација на акциите (Ве молиме, најавете го вашето доаѓање): Вангел 070-465-213) - ВЕ ПОВИКУВАМЕ АКТИВНО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ! (оние што живеат во други градови, можат БЕСПЛАТНО да нарачаат материјал и по пошта да им го испратиме, за да го делат на своите сограѓани).

На 24.4. со почеток од 11:45 во НВО инфоцентарот во Скопје, здружението ќе одржи и прес конференција за медиумите. Срдечно Ве покануваме да присуствувате!!!

Превод на WEB страницата на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ

Почитувани, Ве известуваме дека е почната подготовката на WEB-страницата на Здружението и на англиски јазик. Воедно, огромна помош би било ако знаете некој странски јазик, да се вклучите и помогнете во преводите! (за да се погледне: кликни тука).

Вдомете нерасно кученце – спасете живот и ќе добиете верен пријател!

Најпрвин, сакаме да информираме дека на WEB-страницата на здружението е воведен нов огласник за посвојување и подарување бездомни животни (кликни и погледни). Отсега, секој ќе може лесно да огласува, секако, почитувајќи го правилото: БЕЗ ОГЛАСИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНИ. Повторно апелираме до сите љубители на животни да вдомат и посвојат нерасно кученце и на тој начин да спасат туѓ живот, а својот да го разубават, збогатат и оплеменат. Не го бирајте по раса својот пријател – дајте шанса на оние кои намалку ја имаат! Јавете се на следниве телефони и одберете го БЕСПЛАТНО Вашиот миленик – зашто љубовта и пријателството не се купуваат!

- Контакт телефони: стационар Вардариште – 02-8201315, 075-506090
- „Срце за животните“, тел: 02-5311432, 075-800765

- Ветеринарен центар: (ветеринар Димче Велковски, тел: 02-3178611
- Стационар “ Има надеж“ (Драган): моб. 070-844319

- Госпоѓа Тања: 02-2435112
- Госпоѓа Роза: моб. 070-904950
- Даниела: моб. 075-613-655
- Славица: 02-3117052, 070-445489

Кутрето Мила, која беше жртва на несовесен возач, минатата недела прележа и една инфекција на раната каде беше скршеницата на карлицата и десната задна нога. После терапијата со антибиотици, таа се опоравува.

Се уште сме во потрага по топол дом за Мила
!

Секој заинтересиран може да се јави на тел. 02-5311432, 075-800765 или 075-800-765.

Освен тоа, минатата недела, двајца активисти на здружението најдоа бебе-врана со скршено крило. По ренген снимката и пружената ветеринарна помош кај д-р Диме Велковски, се надеваме дека и за неа ќе има надеж да се опорави.

Пред две недели беа најдени и две, уште слепи (околу 4 дена стари) мачиња, фрлени во контејнер. И покрај ветеринарната помош, мачињата починаа. АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ, да им дадат барем шанса да преживеат на младите, во првите критични недели, кога мајчиното млеко, топлина и љубов се незаменливи за младите.

Дојди и помогни!

Во канцеларијата на здружението има можност секој да дојде и да волонтира.
За повеќе информации, контактирајте со нас
: контакт).
Активностите и проектите предвидени за 2009 год. дали и во која мера ќе бидат реализирани, директно зависи и од Вашата помош (За повеќе информации за активностите и проектите за 2009 кликни тука: Активности 2009)

Срце за животните“ на Facebook и Myspace!

Ана неодама се зачлени во здружението и веќе активно се вклучи помагајќи за интернет презентацијата на здружението:

Регистрирано е Здружението за здравствена едукација и екологија „8-ка“

Конечно, не израдува и регистрацијата на новото здружение. Им честитаме и посакуваме успех и соработка која неминовно ќе следи. Оваа сабота, на 25.4 во Даре Џамбаз од 10:00 до 16:00 ќе биде организиран и првиот семинар на здружението под мотото „Никогаш повеќе дебели и гладни“, па кликнете и прочитајте. Можеби некој ќе сака да земе учество!

Ловџиите барале: Владата да ја осуди мечката од Битола!

По написот во ВЕСТ минатата недела, не можеме а да не го прокоментираме и да не реагираме (написот може во целост да се прочита на следниот линк): Дали некогаш сме помислиле на животните на дивината, на кои им го одземавме животниот простор и изворите на исхрана во природата, па сега се приморани да бараат храна кај луѓето? Дали можеби од ловечкото друштво оставиле нешто храна за животните да преживеат, особено сега, после деструктивните пожари последните две години? - Или, само така лесно ќе бараме „licence to kill“, и така ќе го „решиме проблемот“. Да се заплашат љубителите на природата, билкарите и печуркарите, па можеби и ќе се издејствува дозвола за убивање од Министерот. Како ли само се успеало да се установи дека тоа била истата мечка, или така, можеби некому одговара да ги прикаже работите?

Срце за животните“ во магазинот „БЛОК“ - активности на огранокот во Битола

На цели 2 страници редакцијата на БЛОК од „Форум на млади“ од Битола го претстави нашето здружение. Целото списание во PDF e е во прилог на ова писмо.

Ако сакате подобро да се запознаете со здружението „Форум на млади“ кликнете на следниов линк.

Глас на животните

Отсега, списанието „Глас на животните“ во on-line варијанта со ново руво – nema потреба од download – директно читајте.

Во подготовка е 9. број од списанието „Глас на животните“, кој планираме да се издаде првата половина од април. Секоја сугестија, материјал, фотографии, текст се добредојдени, но и спонзорства и донации, без кои издавањето не би било можно.

(кој сака да дознае како може да помогне, може да кликне тука).

Кој сака on-line да ги разгледа списанијата, може да кликне на следниот линк.

Објавен демантот во „ГЛОБУС“

По реакцијата и доставениот демант до списанието ГЛОБУС во врска со написот од 17.3.2009, во кој се тврдеше дека здруженијата за заштита на животните биле недостапни, истиот беше и објавен од редакцијата на 7.4.2009 год. За тоа сме благодарни, со надеж за продлабочување на соработката. (написот може да се прочита на следниот линк)

Еколошко предупредување: Месото не е зелено

Зошто ова тврдење? 22.4 е светски ден на планетата Земја. Многумина од нас себеси се гледаат како екологисти и заштитници на природата и планетата Земја. Но, дали е тоа навистина така? Добро би било да го погледнете видеото на следниот линк.

Вегетаријански готвач

Здружението подготвува да издаде веганско-вегетаријански готвач – џепно издание со збирка одбрани вкусни рецепти.

Заради поскоро издавање, секој што може и сака финансиски да го поддржи печатењето на оваа издание, или пак сака да се претплати за истото (промотивната претплатничка цена е 50 ден+ПТТ).

За информации за уплата за наменска донација или претплата кликнете тука.


Децата цртаат за животните


ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО СВЕТСКИТЕ ПЕТИЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ!

Вклучете се во петицијата за заштита на тигрите и луѓето во Суматра.

Во Кина животните немаат права. Индустријата за крзно е многу свирепа. Помогнете тоа да престане.

Вклучете се во петицијата на РЕТА до олимпискиот комитет против геноцидот врз бебињата-фоки во Канада

Вклучете се во петицијата на канаѓаните против масакрот врз бебињата-фоки во Канада.











 


Доколку при пополнување на петициите имате некакви нејаснотии, слободно контактирајте не – ве молиме, петициите проследете ги и до ваши пријатели, за да се соберат во што поголем број!

veg-рецепти online

огласи

зачленување

линкови

Здружение за заштита на животните
и животната средина "СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ"
п.фах 420, 1000 Скопје
тел. ++ 389 (0)2 5311432
fax ++ 389 (0)2 5311433
моб. ++ 389 (0)75 800-765
e-mail: Е-маил адресата e заштитена од спам ботови.
www.srcezazivotnite.org.mk
Можете и лично да не посетите: Секој четврток од 19:30 до 21:00 часот во ресторанот "Хармонија" во Т.Ц. Скопјанка (локал 37), кај подземниот премин (до железничката станица во Скопје)

Доколку не сакате да примате новости Ве молиме кликнете овде и пишете ни.



 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk