visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
писмо до Претседателот на Владата на Р.Македонија ПДФ Печати Е-маил

Во отворено писмо до Премиерот, г-нот Никола Груевски, и Владата на Р.Македонија, „Срце за животните“ ги достави своите предлози, иницијативи и проекти, како наш придонес за подобрување на програмите и заложбите на Владата и Премиерот, во областа на заштитата на животните и животната средина:

 Иницијативи и проекти:

·        Воведување служба за повредени бездомни животни во Скопје – потребна е помош за набавка на возило и негово одржување, персонал (обука и плата), опрема за заловување, медицински средства, ветеринар, сместување и пост-оперативна нега на животните (проект за кој Т-Mobile фондацијата одобри донаторски број). Потребата од овој проект е голема – секојдневно се јавуваат граѓани за да пријават повредени животни. Реализатор на проектот: Здружението.

·        Градот Скопје е единствена метропола без ниедно прифатилиште за животни. Отворање прифатилишта за бездомни животни водени од граѓанските здруженија од оваа област е потреба на сите градови во Р.Македонија, а посебно во Скопје и Битола. За ваков проект, неопходна е помош од Владата со буџетски средства на годишно ниво, за основните трошоци (за дополнителни средства, може здруженијата да аплицираат за грант средства од светски фондации и здруженија);

·        Дополна на „Законот за благосостојба на животните“(донесен 2007 год., а стапен во сила 1.1.2008 год) и изработка на правилниците за спроведување на законот (во овој дел ја нудиме нашата помош). Поради неприменување на Законот (или немање правилник за негово спроведување) многу сегменти од него не се применуваат, посебно  делот за казнување на луѓе кои повредуваат, малтретираат животно или во најлош случај го отруле,односно убиле. Во многу земји тоа се смета за убиство е и строго казниво, а во Р.Македонија не е откриен ниту еден сторител, а да не говориме за негово санкционирање. За овој дел мора да нагласиме дека има премногу заинтересирани граѓани кои се обраќаат со поплаки.

·        Помош во организирање на кампањите за подигнување на јавната свест на граѓаните (видео спотови, билборди, постери, флаери и др.). Исклучително акцентирана е важноста за учество на Владата на овие кампањи, заради искоренување на лошите навики кои се спротивни на Законите на Р.Македонија (масовни труења животни ...). Наш предлог: ТВ КАМПАЊИ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ која ќе оди по ТВ медиумите со цел да се влијае на свеста на луѓето да ги сакаат и почитуваат животните и да им помагаат, а оние од другата страна( нехуманите) да сфатат дека постојат казни за нехуманото однесување кон животните (МАЛТРЕТИРАЊЕ,УБИВАЊЕ)

·        Издавање на посебно издание од списанието „Глас на животните“ наменето за децата од ОУ во Македонија (проектот е подолго време заглавен во Комисијата при Министерството за образование и наука). Овој проект е од исклучителна важност за воспитување на децата за односот кон животинскиот свет и природата.

·        Во образованието да постои посебна програма за поширока едукација уште од мала возраст за односот на децата и луѓето воопшто спрема природата и животните. Организирање обуки/работилници и предавања за децата од ОУ за односот кон животните (претходна обука на кадар за таа проблематика од страна на здруженијата)

·        Проект: Изработка и поставување куќички за птици во градовите низ Р.Македонија.

·        Директна комуникација на ресорните Министерства со здруженијата од овој сектор (досега од ниедно Министерство немаме добиено покана за учество и помош во работата).

 

ВО ИМЕ НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ И ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ, се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени ЗА ПОДОБАР И ПОХУМАН ОДНОС  КОН ЖИВОТНИТЕ.

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk