visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
ПДФ Печати Е-маил
Предлог-закон
за забрана на ловот и риболовот
во Република Македонија


Член 1

Се обезбедува почитување на уставните одредби за:

- грижа за зачувување на природното богатство
- остварување можност за хармоничен и цивилизациски и културен развој на Република Македонија
- противуставноста на било какво ширење омраза (непријателство, потикнување кон војна, насилство и грижа за здрава околина.)
- Заштита на животните од мачење
- на подрачјето на Р. Македонија целосно се забранува лов и риболов

Забраната почнува да важи 8 дена по објавување во Службен весник на Република Македонија.


Член 2

Прометот со дивеч и негов увоз се забранети.


Член 3

(1). Со дивите животни управува Република Македонија и тие се нејзина сопственост.

(2). На подрачјето на Р. Македонија забрането е:

- одгледување и размножување на диви животни (освен ако на некој вид му се заканува изумирање);
- чување животни во заробеништво
- населување на алохтони диви животни
- трговија со диви животни

(3). Забрането е убивање на диви животни, освен во исклучителен случај на потреба од еутаназија (неоздравливо болно животно или тешко повредено животно, во двата случаја со силни болки без изглед за закрепнување).


Член 4

Задачите на ловечките здруженија(организации и сојузи), кои е потребно да се извршуваат спрема дивечот и по забраната на лов, со денот на важење на Законот ја презема надлежна државна институција.


Член 5

(1). Физичко и правно лице, на кое дивечот би можел да му нанесе штета, мора на примерен начин како добар стопан да направи сè што е потребно за да го заштити својот имот од нанесување штетата.

(2). Ако и покрај преземените мерки од став 1 на овој член, за штетата предизвикана од дивеч одговорна е Република Македонија.

(3). Постапката за одредување отштета ја води надлежната институција на Р. Македонија; средствата за исплата на отштетата се одредуваат во буџетот на Република Македонија.

(4). Оштетениот има право на отштета за штетата на својот имот во висина што ќе се одреди во согласност со прописите на претходно изготвен подзаконски акт.


Член 6

(1).Ловечките и риболовните организации, кои имаат статус на друштво,
можат во рок од 6 месеци од почетокот на важење на овој закон да се трансформираат во друштво, кое дејствува во јавен интерес на подрачјето на заштитата на животната средина и животните, со пријава до надлежното министерство, доколку имаат желба за стекнување на таков статус.
(2). Другите ловечки и риболовни организации се укинуваат по 6 месеци од денот на важење на овој закон. По престанок на постоењето на тие ловечки и риболовни организации, откако ќе ги намират сите обврски со нивната евентуална сопственост, остатокот од средствата & припаѓа на единицата на локалната самоуправа.
(3). Од денот на стапување на сила на овој закон престануваат да важат дозволите за поседување, носење и користење на сите видови ловечко оружје. Органот, надлежен за Законот за оружје, му ги одзема на ловецот или на друго лице дозволите и самото оружје заедно со муницијата, при што, за одземеното оружје и муниција му се дава праведна отштета.
Средства за отштета се одредуваат во буџетот на Република Македонија.



Член 7

(1). Владата на Република Македонија во рок од еден месец по стапување на сила на овој закон донесува програма, со која донесува мерки поради обезбедување на долгорочна стабилна и природна рамнотежа на животинскиот свет и за помош на дивите животни во шумите и полињата. Во програмата, која се базира на искуства од безловни подрачја, се одредуваат во корист на дивите животни специфични програми на помош (програми за оформување на шумските рабови, програми за дополнителна природна заштита на садници, програми на пошумување и забрана за соголување на површините при сеча на дел од шумите, програми за подигање и поврзување во систем на различни биотопи, програми за мирољубива обработка на земјата (без примена на вештачки и арски ѓубрива, без генманипулација и хемиски средства), исто така се одредуваат лица и институции кои ќе ја спроведуваат и контролираат програмата. Во програмата за помош можат да се вклучат и организации на граѓанското општество, при што предност имаат поранешни ловечки друштва и здруженија за заштита на животните и животната средина.
(2). Во буџетот на Република Македонија секоја година се обезбедуваат средства за спроведување на програмите од став 1 на овој член. Годишниот износ на средствата се планира да биде во висина барем колку сумата од сите приходи на ловечките организации во последните 10 години.


Член 8

(1).Со денот на стапување на сила на овој закон престануваат да важат Законот за ловство (Службен весник на РМ 20/96 од 25 април 1996 год.) и врз неговата основа издадени прописи и подзаконски акти.
(2). Со денот на стапување на сила на овој закон престануваат да важат одредбите на други закони или подзаконски акти кои се во спротивност со овој закон.


Член 9

Овој закон стапува во сила 8 дена по објавување во Службен весник на Република Македонија.



ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

I: Здружението за заштита на животните и животната средина “Срце за животните”, кое се застапува за слобода на животните и нивните права, смета дека ловот и риболовот се непотребни, дури и штетни. Затоа подготви предлог-закон за забрана на ловот и риболовот и помош на дивите животни, со кои од една страна ловот и риболовот се забрануваат, од друга страна, пак, законот содржи и одредби за тоа дека мора по укинувањето на ловот и риболовот да се подготви целосна програма на помош на дивите животни одн. природата, со цел повторно да се воспостават стабилни природни услови за животот на животните кои живеат во шумите, полињата и водите. Законот содржи и неколку одредби за забрана за чување диви животни во заробеништво, забрана за убивање, одгледување и размножување и технички одредби со оглед на преодот од системот на лов во систем на нелов. Особено важно е и тоа, дека ловот и риболовот се во спротивност со многу уставни одредби и затоа се забрануваат.


II. Во продолжение, образложени се причините зошто според наше мислење ловот и риболовот се непотребни, па дури и штетни.

• Накратко, ова се аргументите за укинување на ловот:

Аргументи за укинување на ловот:
Ловците не ни се потребни!

Ловечка лага бр.1
Ловците ги чуваат шумите и полињата од штетниот дивеч!

ПОГРЕШНО!
Токму напротив, ловот предизвикува други штети од дивечот. Со ловот животните непотребно се плашат, со што потребата за храна, а со тоа и штетите од нивната исхрана, често се зголемуваат. Распространетиот аргумент дека дивите животни предизвикуваат значителни штети служи само како изговор за ловците, за да постигнат (добијат) подолга ловна сезона и поголеми квоти за отстрел. “Честопати личните и материјални штети што ги предизвикале ловците, се поголеми од штетите предизвикани од дивите животни во земјоделството.” (Mathieu Roger, 1987). Шумскиот биолог д-р Харалд Килиас од Bayreuth - самиот ловец - кажа при едно опишување на Баернското радио (Германија): “Шумата е исто и тогаш шума, кога во неа помалите дрвја ќе пораснат и ќе постигнат незначителна цена.” Впрочем, шумското стопанство не е сè.
Како што докажува стандардното дело “За бесмисленоста на ловот” од зоологот Карл Консинија од Римскиот универзитет, штетите од загризувања (глодања) во повеќето случаи се минимални и најчесто од нив се погодени значително помалку од 2% од билниот, односно дрвниот фонд. Освен тоа, садниците на младите шуми можат да се заштитат од загризи (глодања), на пр. со заштитни огради и мрежи. Една студија за министерот за земјоделие во Брисел ја даде следнава изјава:
“Штетите од изгризување” во шумите и полињата настануваат затоа што денес веќе не им се остава храна на животните:

Порано, во текот на жетвата на полињата, паѓало многу жито на земјата или компир во земјата. Така, секогаш на полињата имало по нешто и за животните.
Денес, со модерните машини не им преостанува ништо - на животните им се одзема секое зрно.
Порано, животните можеа да пасат на ливадите.
Денес ливадите се претежно преорани или покосени - дури и на птиците не им останува скоро ништо.
Порано полињата и ливадите се обработуваа природно.
Денес полињата и ливадите се затруени со средства за прскање, вештачки ѓубрива, како и арско ѓубриво.
Модерното земјоделство им ги одзема изворите на храна на дивите животни. Ловецот ја “регулира” нерамнотежата: Ако дивите животни влезат во полињата барајќи храна, бидуваат отстрелани. Во последните децении животниот простор на животните сè повеќе се стеснуваше - причинител за тоа е човекот. Одземањето на животниот простор е кражба! Дали мораат да се регулираат животните на кои им е одземен животниот простор или мора да се регулира виновникот, човекот?

Ловечка лага бр.2
Ловците се замена за изумрените “грабливци”!
ПОГРЕШНО!

Новите истражувања покажуваат дека таканаречените грабливци не се одговорни за регулацијта, т.е. за бројната контрола на популацијата на животните кои се нивен плен. Грабливците, пред сè, ловат стари, болни и слаби животни, односно јадат лешини, и така придонесуваат за поздрава популација на дивечот. Ловецот, кој стрела од голема далечина, само во ретки случаи може да процени дали животното е болно или старо. Меѓутоа, бидејќи ловците, пред сè, претпочитаат раскошни животни, трофеи, ловот практикуван од луѓето напротив, според сите правила доведува до погрешни, противприродни селекции. Еден ловец вели: “Ловот, исто така, значи не да се убијат само слабите и болни, туку и ‘прекубројните’ наполно здрави животни” (кој би јадел осакатени и болни?). (Дивеч и куче 13/2001, Германија)

Ловечка лага бр.3
Ловот е во служба на заштита на природата!
ПОГРЕШНО!
Ловот значи нарушување на природната рамнотежа на еко-системот. Тој може да доведе до смалување или истребување на животинските видови. Ловците се искористувачи на природата, но не се заштитници. Тие, во секој случај, ги негуваат оние видови животни кои им се интересни како улов. Впрочем, во меѓувреме, самите ловци го побиваат ова тврдење:
“Лов во служба на заштита на природата” или “Ловците како вистински заштитници на природата” и така натаму - сè добро и убаво. Меѓутоа и покрај тоа активистите на здруженијата за заштита на животните не нè прифаќаат. Зашто веќе не стоиме позади смислата и целта на нашата ловечка практика? (...) Ловот всушност на прво место не е нега, туку во вистинска смисла на зборот пљачкосување(ограбување), а ние навистина и сакаме да пљачкосуваме. Не е расипнички да се чувствува радост кога ќе ни појде од рака да отстреламе некој дивеч. Не. Секако дека смее да причинува радост кога примерок од дивечот ќе загине безболно по еден чист истрел...” (Дивеч и куче 13/2001, Германија)

Во швајцарскиот кантон Женева 1975 год. жителите со референдум одлучиле за општа забрана на ловот на цицачи и птици. Во следните години спектакуларно се зголемил бројот на водени птици, кои зимуваат на крајбрежјето на Женевското Езеро и Рона, тоа е без сомневање последица од заостанатите нарушувања причинети од ловот. Пред референдумот, застапниците на ловот тврдеа дека на полскиот зајак во Женевскиот кантон, без лов му се заканува истребување од грабливците. Се случило спротивното. Во меѓувреме Женевскиот кантон се радува на здравата популација на полските зајаци способни за размножување, најголемата популација на полски зајаци во Швајцарија. Грижата и стравот на земјоделците дека забраната на ловот ќе им донесе поголеми штети на нивните земјоделски култури, не се обистини.
Многу видови за кои во Македонија сè уште е дозволен лов (на пр. полскиот зајак, куната, еребицата и други) се наоѓаат на светската Црвена листа на загрозени видови. Ловот не е секогаш единствена причина за загрозеноста, но отстрелот на загрозените видови секако не придонесува за нивно одржување. Со развојот на технологијата на оружјата, штетите од ловот станаа огромни: од 17. век ловот и уништувањето на природните животни простори од страна на луѓето, се одговорни за 57% истребени видови птици и 62% истребени видови цицачи.

Ловечка лага бр.4
Без лов дивите животни ќе се намножат!
ПОГРЕШНО!

Еколошките студии на полињата докажале дека животните располагаат со внатрешен механизам за регулација на бројноста на видот (популацијата). Регулацијата на бројната состојба на животните не се врши со лов, како на пр. во пространиот италијански национален парк Гран Парадизо (првиот и најголем национален парк во Италија во кој ловот е забранет од самото основање 1922 година) или во Швајцарскиот кантон Женева, досега не можеше да се утврди прекубројна состојба на дивечот. Во скоро сите останати земји во светот, ловот е забранет во заштитените подрачја на природата, а досега во нив не се нарушила природната рамнотежа.

Ловечка лага бр.5
Ловците убиваат безболно!
ПОГРЕШНО!

Честопати животните се само ранети. Потрагата, доколку до неа дојде, трае со часови и денови. До смртниот истрел ранетите животни со часови и денови се влечат низ шумата со распарчено тело, со внатрешни органи кои висат, скршени коски, бегајќи од ловците. Исто така, со ловечка сачма погодените безбројни животни, особено дивите птици, но не умираат веднаш, бидејќи не им се погодени виталните органи. Честопати угинуваат од своите рани дури часови или денови подоцна. Секоја четврта патка живее со рана од отстрел.
Кај сандачестите замки, кои наводно “ловат без рани” во моментот кога сандакот се затвора со силен тресок, уловеното животно се испаничува, жестоко се движи и често на тој начин тешко се повредува. Така “парчето”(ловечки жаргон) лежи крваво, измачено од страотни болки, неретко гладно и жедно со часови, често и денови во мал сандак и чека свирепа смрт.

Ловечка лага бр.6
Ловците го штитат населението од беснило!
ПОГРЕШНО!
Во Европа се оди во вистински истребувачки поход на лисици: со сачми, стапици, пуштање на плин во легло и отровни мамки, и тоа во текот на целата година. Но, со сите тие мерки не било спречено ширењето на болести. Ловот на лисици, поради забрзаната промена на местото на преживеаните животни, доведува дури до ширење на беснило. Швајцарскиот кантон Валис со помош на акцијата од 1981. година е без беснило. Тие акции го чинеле Валис 106.800 франци годишно, додека соседниот кантон Берн, по површина само малку поголем, потрошил 818.148 франци за убивање на лисици и за вакцинација на животни, не спречувајќи го ширењето на беснилото.
Впрочем, веројатноста луѓето во Германија, на пр., да се разболат од беснило, е 1:171.875.000 изразено во бројки (Horst Hagen, 1984).

Ловечка лага бр.7
Ловот е едно културно добро!
ПОГРЕШНО!

Под култура се подразбира: “збир на духовни и уметнички изрази на животот ... на еден народ”, како и “фин начин на животот, воспитувањето и образованието” (според Дуден, 5 том, 1982 год.). Спаѓа ли во тоа убивањето на животни? - Секако дека не!
Тоа што луѓето себе си даваат за право да убиваат живи суштества од задоволство, кои исто така како и нив доживуваат и чувствуваат болка, од морална гледна точка е неприфатливо.

Ловечка лага бр.8
Човекот отсекогаш ловел!
ПОГРЕШНО!

Во својот ран развој човекот бил предимно собирач. Дури подоцна станал ловец. Мострите за користењето на горната забна површина на катниците на многу хоминиди и хоминоиди, без сомневање покажуваат дека тие предвесници на човекот јаделе билна храна (билни влакна, плодови со тврда лушпа, ореви итн.). Типичните грабливци (на пр. волкот, лавот) и оние што јадат сè (на пр. кртот, ежот) имаат поинаква структура на забите и облик на катниците од денешниот човек.
Во прегледот на Создавањето сè уште се одржува вегетаријанската фаза на човештвото, кога во книгата на Создавањето 1,29 Бог вели: “Еве, ви ги дадов сите билки што носат семе по целата земја, и сите плодни дрвја кои носат семе; тое ќе ви биде за храна!” Но, во која мера човекот почна да војува со своите браќа, почна да коле и животни. Кај “примитивните” народи, ловот служи за собирање храна. Кај “развиените” народи, ловот е во традицијата на феудалните господари. Но, феудалната економија, во меѓувреме, целосно застарела. Во Европа човекот веќе не лови за да си обезбеди храна. Се работи единствено за занимација во слободното време, за забава - уживање во убивањето.
Во нашево време, ловецот е единствен кој смее да стрела на живи цели од сигурната стрелачка чека. За разлика од војникот, на кого најчесто од спротивната страна му стои рамноправен противник со исти шанси, ловецот е кукавица. Тој пука само кога жртвата не може да се брани.
Во “крвта” на многу луѓе е убивањето. Колку помалку војни, толку повеќе лов! Војната е братоубиство, а војната против животните е убиство на роднините.


III. Заклучок
Како што е веќе напишано, ловот во Македонија е непотребен. Не е потребен ниту како регулација на бројот на популацијата на животните, што со задоволство се наведува како аргумент за лов, ниту поради други причини. Не е потребно човекот да ја регулира бројноста на некои животински видови, бидејќи природата самата де се грижи за тоа, доколку не се замешаат ловци. Најновите истражувања на еколозите, всушност, покажуваат дека животните располагаат со внатрешен механизам за регулација на популацијата. Така, на пример, кај слоновите е востановено дека степенот на прирастот не го одредува гладот или смртта, туку флексибилноста на слоницата на почетокот на половото созревање. Ако се заканува пренаселеност, ратата на раѓања кај слоновите се намалува. Слично е востановено и кај елените, дивокозите, лосовите и други големи цицачи. Интересно е, на пример, дека Баварската шумска управа востановила дека чапункарите располагаат со префинета регулација на раѓања, односно ако има премногу животни, срните раѓаат помалку млади, во некои години дури немаат млади, подоцна созреваат полово и раѓааат повеќе машки отколку женски млади. И онаму, во Европа, каде што ловот е забранет, како на пример во Швајцарскиот кантон Женева, досега не е забележана прекубројност на некој животински вид. Во скоро сите држави на светот, ловот во природните резервати е забранет, но и покрај тоа, не доаѓа до нерамнотежа во животинските популации. Ниту еден вид не се размножува без мера и цел. Природата, значи, самата се грижи на нејзиниот животен простор да има толку животни колку што е за тој простор примерено за да може да ги поднесе. Ловот значи попречување, вмешување и нарушување на природната рамнотежа на еколошкиот систем и може да доведе до смалување или истребување на животинските видови, како што е тоа случај сега. Од друга страна, пак, може бројот на животните на некој ловен вид да се зголеми токму поради ловот, бидејќи видот е загрозен поради ловот и реагира така што ќе се зголеми бројот на популацијата и така ќе се обиде да се зачува. Ловот е, значи, тумор во природата, така што не само што не е потребен, тој е и штетен за еколошкиот систем. На пример, 50000 ловци годишно ги загадуваат водата и почвата со 250 тони олово! Тоа се акумулира од година во година и како токсичен тежок метал ги труе водните и почвените животни, а на крајот и самиот човек. Природата е веќе премногу оштетена и злоупотребена за труеме уште и на овој начин со олово.
2. Ловот не е потребен ниту за други потреби. Не е потребен комерцијален лов, спортски лов, ниту лов на трофеи. Убивањето на живи суштества како спорт, за трофеи или за храна е неприфатливо и не може да се оправда ниту од морално-етички, ниту од верски аспект. Посебно неразбирливо е, како можат да убиваат животни ловци кои себеси се сметаат за христијани? Зарем не ја познаваат заповедта „Не убивај”? Кај ловот се работи за постапки кои припаѓаат на некое друга временска епоха, а не во 21. век, во кој сакаме да владее мир и заеднички живот во општеството и природата. Ловот за пари е продажба на животите на беспомошни живи суштества, каде што се работи за трговија каде за трофеи или кулинарство се продава живот. Интересен е записот: „Целта на ловот веќе долго не е само убивање од задоволство” Исто така, интересна е и следната изјава, токму од ловец: „Ловот, во прв ред, не е одгледување, туку во првобитното значење е потрага по плен и тоа ние го сакаме. Не е на одмет да се осети радост, ако се успеало да се убие диво животно ...” (Wild und Hund 13/2001, Германија). Ловот не е никакво културно добро, како што некои мислат, бидејќи убивањето не може да биде дел од културата, а ако е, тогаш се работи за култура на смртта. Во денешно време ловецот е единствениот кој смее да пука на живи цели од сигурната чека за пукање, за разлика од војникот, на кој од другата страна во најголемиот број примери му стои рамноправен противник; ловецот е посебно подмолен: пука само кога жртвата не може да се брани. Убивањето е во крвта на многу луѓе: Колку помалку има војни, толку повеќе има лов. Војната е братоубиство. Војната против животните е убивање на браќата и сестри - животните. Теодор Хојс, кој како прв претседател на Сојузна Република Германија мораше поради државнички причини често да присуствува на дипломатски лов, рече: „Ловот е само беден опис на особено подмолно убивање на живи битија, кои немаат никаква шанса. Ловот е споредна форма на човековата оболеност на духот.”
За жал, во Р. Македонија животите на живите битија се продаваат за големи пари. Сето тоа & го одзема кредибилитетот на Р. Македонија, ставајќи ја во кругот на држви кои не го почитуваат животот. Многу жално е и тоа дека животите на животните ги продава државата, која би морала да работи за јавниот интерес, значи во интерес на животите а не на смртта, бидејќи животот на живите битија е јавен интерес, а не нивната смрт. Убивањето на живи битија не може да биде од јавен интерес.

3. Ловците не убиваат безболно. Честопати животното е само рането. Трагањето, ако воопшто го најдат, трае со часови и денови. До последниот удар или истрел, ранетите животни бегајќи пред ловците се влечкаат низ шумата со часови и денови со растргнато тело, распарана утроба и скршени коски.
Ужасно патат. Сачмите на ловците погодуваат бројни животни, најмногу птици, но тие не умираат веднаш, затоа што зрната не погодиле витален орган. Поради раните често умираат дури по неколку часови или денови. Многу животни живеат со рани од куршуми. При ловот со “стапици”, “каде нема ранување”, како што велат ловците, заробеното животно во моментот кога вратничката гласно ќе се затвори скоро секогаш го фаќа паника. Животното неконтролирано скока и поради тоа се повредува. Така “парчето” (ловечки жаргон) останува да лежи во крв, поднесува јаки болки неретко со часови, често и со денови, гладно и жедно, ја чека својата ужасна смрт во малиот смртен ковчег. Ловот, значи, предизвикува ужасни патила за животните, ловот е незамисливо мачење на животните. За тоа нема никакво оправдување.

4. Познато е, и тоа го докажуваат сè повеќе научни студии, медицински како и други, дека уживањето месо е ризичен фактор за бројни болести. Така, месото предизвикува многу цивилизациски болести, како на пример: “шеќерна болест, прекумерна тежина, штетно е за коските, ги забрзува воспаленијата и болките, го забрзува срцевиот инфаркт и артериосклерозата, предизвикува депресии, тоа е ризичен фактор и за рак.” За оние кои јадат месо постои, според истражувањето на калифорнискиот универзитет Loma Linda, двапати поголем ризик да оболат од деменција, значи потрошувачката на месо впечатливо & штети и на интелигенцијата. Сè повеќе научни студии докажуваат дека вегетаријанската исхрана е посигурна за луѓето и дека вегетаријанците се поздрави и подолго живеат (на пример, истражувањето на Универзитетот Giessen, Центарот за истражување на рак во Heidelberg и Сојузното биро за здравје во Берлин.) Во разнообразната вегетаријанска исхрана има сè што му е потребно на човекот за живот. Секако, правилно составената вегетаријанска исхрана може да биде натполно здрава, вели проф. д-р Дражигост Покорн, ОНА, 3.11.2004, Словенија. Сè што е наведено важи и за месото од дивеч. И тоа, исто како и останатото месо, претставува значителен ризик-фактор за многу болести. Бидејќи според Законот секој е должен да се грижи за своето здравје, се поставува прашањето, дали уживањето на месо од дивеч не е во спротивност со Законот, ако тоа е вид на храна кој е ризик-фактор за многу болести?

5. Ловот е, како што е веќе речено, во спротивност со Уставот на Р.Македонија и тоа поради следните причини:

• Во членот 56 од Уставот, меѓу останатото е напишано: “Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, … се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.” Значи, животните како живи битија се дел од природните богатства и затоа државата мора да се грижи за нивниот опстанок. Меѓутоа, со убивање природните богатства не се одржуваат, туку се смалуваат. Тоа, секако, важи за секое поединечно животно а не за вид како апстрактен поим, кој човекот го измислил. Задача на сите државни органи е да работат според Уставот и да го почитуваат; затоа ловот и риболовот не смеат да бидат дозволени. Тие го смалуваат бројот на животните на копно и во вода и така ги осиромашуваат природните богатства.
• Во членот 47 од Уставот, меѓу другото е запишано дека: “Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата”. Ако државата преку лов и риболов дозволува намерно убивање на животни, односно, дури и заповеда, тоа не може да доведе до поттикнување, помагање и штитење на културата, бидејќи до таков развој може да се дојде само со позитивно а не негативно, како што е, на пример, убивање на живи битија. Убивањето на живи битија го спречува културниот развиток на луѓето, бидејќи убивањето на живи битија не може да се вброи во култура, во неа се вбројуваат позитивните вредности и неубивањето. Секое толерирање на убиство на живи суштества во едно општество спречува хармоничен цивилизациски развој, така што води до деструкција на општеството. Да потсетиме на познатиот исказ од големиот хуманист, политичар, државник и добитник на Нобелова награда за мир, Махатма Ганди: “Сметам дека духовниот напредок, на една одредена точка, бара од нас да престанеме да ги убиваме нашите со-суштества заради задоволување на нашите телесни желби за убивање. Величината и моралниот напредок на една нација можеме да ги цениме според начинот на кој таа се однесува кон животните!”. Тоа се гледа веќе сега. Убивањето на живи суштества & го одзема кредибилитетот на Република Македонија. Затоа, ловот и риболовот се во спротивност и со оваа уставна одредба.
Освен тоа, колкупати веќе сме биле сведоци на несреќи при лов, каде ловец ќе застрела ловец или, пак, ќе си дозволи да застрела и некое домашно животно? За тоа нема потреба да се потсетува.
• Во членот 43 од Уставот, запишано е: “Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина”. Секојдневно над 130 видови засекогаш исчезнуваат од лицето на мајката Земја. На црвената листа на загрозени видови во моментот има 16119 видови. Дали во Македонија со ловот и риболовот се подобрува или се влошува оваа алармантна ситуација? Кој применува и одобрува лов и риболов, директно престапува против член 43 од Уставот на РМ.


IV. Аргументи за укинување на риболовот:

• “Рибите чувствуваат болка и стрес”
Ова dpa-јавување од 30.4.2003 година би морало, всушност, да ја потресе и разбуди совеста на тие кои јадат риби, на рибарите и на “спортските” риболовци, кои убиваат риби поради трошење на време. Во една студија на Rosain-институтот од Универзитетот Единбург, на главата од виножитната (калифорниска) пастрмка беа откриени 58 рецептори за болка, што значи: на 58 места пастрмката реагира најмалку на еден фактор на болка. “Критериумите за болка кај животни се исполнети”, вели научникот Lynne Sneddon, а дпа додава: “Рибите имаат малку можности да изразат болка. Оттаму, често се сметаше дека одвај осетуваат болка”. Британската студија сега му противречи на таквото гледање. Во секој случај, заштитувачите на животни жалат “што животни морале да страдаат за оваа студија” (Peta-Director Carr).

• За митот дека рибата е здрава.
Многу потрошувачи и оние кои се занимаваат со лечење, во јадењето риба гледаат поздрава алтернатива во однос на месото и колбасите. Дури, за превенција на срцево-циркулаторни заболувања се препорачува два пати седмично да се јаде риба, или да се земаат капсули со рибино масло. Дали овој позитивен “fish-image”, всушност, е оправдан?

Doktorot po medicinski nauki Hans-Ginter Kugler od institutot za prirodno le~ewe vo Mihelrit (Germanija), uka`uvaj}i na aktuelnite nau~ni ispituvawa, zazema stav za ova:

 Рибите се состојат главно од масти и белковини, при што содржината на масти може да изнесува до 60%. Тие не содржат јаглени хидрати, прехранбени влакна и витамин C. Како и во сите животински производи, во рибите се наоѓаат големи количини холестерин: кај скушите има 95 mg холестерин на 100 g телесна тежина, кај туната 63 mg/100 g. Ако содржината на холестерин се пренесе на содржина на калории, тогаш се покажува дека риба со однос 50 mg/100 kcal содржи далеку повеќе холестерин од свинското месо (24mg/100 kcal) и говедското месо (29 mg/100 kcal).

 Капсулите со рибино масло, вистина се произведуваат без холестерин, меѓутоа позитивен ефект што би се наслутил врз артериосклерозно променети артерии, во една двегодишна студија не можеа да се докажат. Напротив: Други студии покажаа дека земањето препарати со рибино масло доведе до покачување на LDL-холестеринот, народно наречен и “лош” холестерин, бидејќи при преголема понуда на холестерин во телото тој би се наталожил на внатрешните слоеви од крвните садови, преку што ризикот за артериосклероза и срцев инфаркт би можел дури да се зголеми.

 За неопходноста од Омега 3 - масните киселини за човековата исхрана, се разбира, не постои сомневање. Овие микропрехранбени материи, сепак, во доволно количество се содржани во растителни прехранбени продукти, како што се зелениот листест зеленчук, оревите и одредени растителни масла. За дотур на Омега 3 - масните киселини не се бара да се јаде риба, или да се земаат капсули со рибино масло. Освен тоа, има експериментални укажувања дека преголема мера од Омега 3 - масни киселини го зголемува ризикот за создавање метастази при туморски заболувања. Маснотијата од риби може да ја смали инсулин-чувствителноста и со тоа да го зголеми ризикот за дијабет.

 Рибите се еден главен извор за прием на за здравјето опасната жива кај човекот. Во ноември 2002 година во “The New England Journal of Medicine” беше публикувана една студија за срцевоинфарктни пациенти. Притоа, во ноктите од прстите беше мерена содржината на жива и концентрацијата на DHA, една масна киселина. Нормално, зголеменото ниво на DHA во масното ткиво би имало, условено, на пример, преку консумирањето риба, спречувачко дејство врз можен срцев инфаркт. Меѓутоа, преку високата содржина на жива во рибите, овој ефект изостанал. Врз основа на оптовареноста со жива американската Food and Drug Administration (FDA) им советува на бремените жени и жените кои сакаат да добијат деца дури да се откажат од јадењето риба-сабјарка, скуша, ајкула и други видови риби.

 Рибите можат да бидат значително оптоварени со разни отрови за околината. Така, во 2002 година беше публикувано едно испитување на деца чии мајки изеле поголеми количества риби од Мичигенското Езеро. Односните деца покажале пониски вредности при различни тестови за интелигенција, а, освен тоа, била утврдена смалена дарба за сфаќање при читањето.

 Високиот дотур на животински протеини условува, врз база на високата содржина со аминокиселини што содржат сулфур, кисело оптоварување на организмот. За неутрализирање на кисело дејствувачките материи, во метаболизмот се извлекуваат алкалните соли од коските, што, трајно, води до тешки оштетувања на коските. Како што е познато, ескимите спаѓаат во најголемите консументи на риба и, како што е исто така познато, имаат највисока стапка на остеопороза во светот. Кај ескимите од двата пола, по четириесеттата година од животот, беше докажан 10-15% поголем губиток на коскената маса одошто кај белите САД-Американци на истата животна возраст.

 Во една студија можеше да се покаже дека дополнителен дотур на 34 g животински протеини (преку месо или риба) го зголеми губењето калциум преку урината за 23%. Научните податоци покажуваат дека при повисок дотур на протеини не следува и прилагодување на метаболизмот во врска со излачувањето на калциумот. Сè додека се јадат големи количества животински протеини, засилено се излачува и калциум, којшто тогаш му недостига на телото, а тоа значително ја зголемува подложноста за бројни болести.

• Резиме: Рибата, исто како и месото и колбасите, прехранбено-физиолошки е излишен прехранбен продукт, што, покрај ова, е сврзано со значителни здравствени ризици.
 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk