visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

 

 

 

 

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
ПДФ Печати Е-маил
Активности и проекти на Здружението за заштита на животните и животната средина СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ за 2009 год:
  • Издавање на списанието „Глас на животните“ – во овој дел може да се помогне со пишување текстови, испраќање фотографии, договарање места каде ќе може дополнително да се изложи и продава, и финансиски (изнаоѓање спонзори и сл), преговарање со фирми кои би се рекламирале во списанието (Важна напомена: Дејноста на фирмите да не е контрадикторна/спротивна на целите и заложбите на здружението).
  • Издавање на дополнителен инфо-материјал (бесплатен):
  1. Вегетаријански комплет за почетници (брошура) - изнаоѓање спонзори за печатењето
  2. Печатење флаери на повеќе теми – помош: (финансиска или попуст за печатење) – изданијата се делат бесплатно
  3. Печатење плакати/постери - помош: (финансиска или попуст за печатење) – изданијата се лепат и делат бесплатно
  • Излегување со штанд/масичка на плоштад за викендите со инфо материјалите на Здружението - помош: активно помагање за местење на штандот, информирање и делење флаери, собирање на штандот, умножување флаери кои ќе се делат, организирање мали забавни содржини покрај штандот (цртање и сл.);
  • Акции: протести, делење флаери и сл.
  • Подготовка на ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ГОТВАЧ – книга - помош: (финансиска или попуст за печатење) – изданијата се делат бесплатно, испраќање рецепти на нашата адреса
  • Издавање Вегетаријански видеа за готвење (DVD) - помош: финансиска, претплата и сл.
  • Од март 2009 ќе има можност секој кој сака и може повремено да дојде и помага во канцеларијата на здружението (Факултет за Земјоделски науки и храна, канцеларија број 84 – на 1.кат)
  • За навремено ажурирање на WEB-страниците на Здружението ни е потребна помош од искусни администратори
  • Преведувачи за превод на WEB-страницата на Здружението на англиски, германски, француски, италијански, српски, албански и други јазици.
  • Продукција на документарни емисии: предлози за теми, испраќање видео, аудио и текстови на одредени теми, помош на терен за снимање, контакти со ТВ станици за договор за емитување под одредени услови ...
  • Издавање на посебно издание од списанието „Глас на животните“ наменето за децата од ОУ во Македонија. помош: финансиска или попуст за печатење, испраќање интересни материјали, контакти со луѓе кои работат во образованието, лобирање во Министерството за образование
  • Организирање акции за пошумување во Скопје – практично учество
  • Изработка и поставување куќички за птици во Скопје – практично учество во изработката, изнаоѓање спонзори
  • Договарање фирми (институции и фирми – маркети и сл.) за поставување на кутии за доброволни прилози за здружението (Важна напомена: Дејноста на фирмите да не е контрадикторна/спротивна на целите и заложбите на здружението).
  • Учество на саеми – помагање на штандот на здружението, финансиски (трошоци)
  • Воведување служба за повредени бездомни животни во Скопје – собирање средства за возило и негово одржување, персонал (обука и плата), опрема за заловување, медицински средства, ветеринар, сместување на животните
  • Организирање ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ПИКНИК – многу активности, па тоа е посебен разговор
  • Организирање ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ДЕНОВИ на плоштади во неколку градови низ Македонија.
  • Организирање и реализација на петиции за одредени законски решенија;
  • Секаква помош (во лобирање, преговарање со институции, изнаоѓање финансиски средства за реализација) за отворање прифатилишта за бездомни животни во Скопје и Битола;
  • Секаква помош (во лобирање, преговарање со институции, изнаоѓање финансиски средства за реализација, непосредно учество) за воведување итна служба за повредени бездомни животни во Скопје;
  • Организирање прес-конференции
  • Организирање видео-презентации и други настани
  • Секаква помош (во лобирање, преговарање со институции-Совет за радиодифузија, изнаоѓање финансиски средства за реализација) за отворање на локална ТВ/радио во Скопје – медиум кој ќе биде глас на животните во Македонија
  • Потребни се и:
  1. Контакти и попусти од ветеринари и ветеринарни станици
  2. Контакти со стручни и познати лица за промовирање на вегетаријанството и здружението (заштитни лица на здружението)
  3. Медиумски лица за помош за собирање средства за одредени проекти на здружението
  4. Луѓе со менаџерско искуство за преговарање и изнаоѓање спонзори и поддржувачи на дел од проектите и настаните кои ги организира Здружението (со финансиска надокнада)
  5. Здружението има потреба од правник/правници
Доколку имате предлози, со нешто можете да помогнете, сакате подетално да се информирате, за контакт со нас кликнете тука.

 

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk